Љалево

поранешно село во Неврокопско, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Љалевоmap
Remove ads

Љалево или Љалово (бугарски: Лялево или Ляльово) — поранешно село во Неврокопско, Пиринска Македонија, на територијата на денешната општина Хаџидимово на Благоевградската област, Бугарија.

Кратки факти Љаљево Лялево, Земја ...
Remove ads

Географиа

Љалево се наоѓало во југоисточните делови на масивот Пирин, на 14 километри јужно од градот Неврокоп, под Љалевски Врв. Низ селото течело Љалево Дере.[1]

Историја

Во Отоманското Царство

Во историските документи, селото е споменато за прв пат како Љалева во османски регистри од 1623 – 1625 и 1635 – 1637 година со 2 христијански домаќинства.[2]

По 1821 година, населението на Љалево се состоело од грци-муслимани (валахади). Според месни преданија, тие се доселиле од областа Мадемско на Халкидик во првата половина на XIX век, при што го прифатиле исламот за да ги избегнат колежите извршени врз грчкото население по Халкидичкото востание.[3]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очеркъ путешествія по Европейской Турціи“) ги опишал жителите на Љалуху како „грчки потомци“.[4]

Во XIX век Љалево било грчко-муслиманско село во Неврокопската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Љалово (Lialovo) имало 90 домаќинства и 220 жители муслимани.[5][6]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Љаљуво со 90 домаќинства и 300 Грци-муслимани.[7]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото запишал:

Љаљово, село на 3 часа јужно од Неврокоп, покрај самиот пат од Сер до Неврокоп. Голо и карпесто место; се одгледуваат добри лозја; винарството е главниот занает кај населението. Неколку ниви имаат во Либјахово и Копривлен. 80 куќи; сите се муслимани по вера, говорат грчки и се преселни пред стотина години од зихненското село Локвица кај Скрижово. Од Локвица и сега има видливи остатоци.[8]

Во Бугарија

По крајот на Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Бугарија согласно Букурешкиот договор. Истата година неговото население е иселено во Грција. Дел од жителите се вратиле во 1916 година, но во 1928 г. се иселени во Турција и на нивно место се населени бегалци од Егејска Македонија. Подоцна селото е постепено иселено и неговите жители претежно се иселиле во Копривлен.[2] Во 1960 г. било избришано од евиденција.[9]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads