Ќолеменли

село во Дојранско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ќолеменлиmap
Remove ads

Ќолеменли (грчки: Λιθωτό, Литото или Παλαιό Λιθωτό, Палео Литото; до 1927 г. Κιολεμενλή, Ќолеменли[2]) — поранешно село во Дојранско, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Ќолеменли Κρητικά, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на јужните падини на Беласица, над селото Атли.[3]

Историја

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ќолеменли имало 162 жители Турци.[4]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа 1913 г. населението броело 333 жители. Бидејќи овде минувала фронтовата линија во Првата светска војна, населението значително се намалило, така што во 1920 г. во Ќолеменли се заведени 134 лица.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понт и Кавказ. Во 1927 г. селото е преименувано во Литото. Во 1928 г. селото е заведено како дојденско со 25 семејства сочинети од 86 жители.[6]

Едно од доселеничките маала на Аканџали го носи името Нео Литото, бидејќи старото село на грчки се нарекувало Палео Литото, т.е. Старо Литото.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads