Ќулахли (Серско)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
ќулахли или Ќулехли (грчки: Κορυφούδι, Корифуди; до 1927 г. Κιουλιχλή, Ќулихли[2][3]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.[4]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на западниот брег на Бутковското Езеро, јужно од Бутково. Југоисточно над селото се наоѓа манастирот „Св. Ѓорѓи“.[5]
Селото се делело на Горно и Долно Ќулахли, кои во извесен период се попишувале одделно.[4]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX и почетокот на XX век Ќулахли било село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кулахлии (Kulahlii) било село со 19 домаќинства сочинети од 42 жители муслимани.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото Ќулакли броело 80 жители, сите Турци.[7]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. Горно Ќулахли е попишано со 163, а Долно со 85 жители. Во 1920 г. маалата се попишани заедно со 166 лица[4] и веќе не се сметаат за одделни. Во 1924 г. жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Така, во 1928 г. Ќулахли е претставено како чисто дојденско попишан 101 жител (30 семејства).[8]
Во 1940 г. во селото живееле 88 лица. Според Тодор Симовски, селото е напуштено во Втората светска војна, и тој смета дека селаните најверојатно се преселиле во Бутково.[4] Судсјќи по статистиките, селото веројатно е обновено во 1990-тите, така што во 2001 г. веќе се води како постоечко со 49 жители.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads