Сер (округ)
округ во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сер (грчки: Περιφερειακή ενότητα Σερρών) — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Централна Македонија во Грција. Административен центар е градот Сер. Округот има вкупно население од околу 175.000 жители.
Remove ads
Географија
Во округот Сер се наоѓаат планините Славјанка (Алиботуш или Орвилос) на север, Сминица (Меникио) на исток, Кушница (Пангео) на југ, Богданска Планина (Ори Вронду) на југозапад и запад, делови од Круша (Крусија ори) на запад и делови од Беласица (Белес) на северозапад.
Административно се граничи со Солунскиот округ на југозапад, Кукушкиот округ на запад, со Општина Ново Село во Република Македонија на северозапад, со Пиринска Македонија на север, со округот Драма на североисток и со округот Кавала на исток. Во јужниот дел на округот се наоѓа Струмскиот Залив со делтата на реката Струма.
Округот зазема 3% од вкупната површина на Грција. Обработливото земјиште зафаќа 41% од територијата. Најзначајна река е Струма, која тече низ целиот округ и се влева во Егејското Море. Друга поважна река е Драматица (Ангитис), во источниот дел на округот.
Remove ads
Административна поделба
Округот е поделен на 7 општини. Тие се следниве (со нивните броеви во инфокутијата):[1]
Демографија
Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 75 населени места и сочинуваат околу 20% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 35.000 Македонци.
Поврзано
- Серско Поле
- Список на села во Сер
- Серски револуционерен округ
- Список на луѓе од Сер
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads