Џанкарло Берчелино

италијански фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Џанкарло Берчелино
Remove ads

Џанкарло Берчелино (италијански: Giancarlo Bercellino; роден на 9 октомври 1941, во Гатинара) — италијански поранешен фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната.

Кратки факти Џанкарло Берчелино, Лични податоци ...

Тој бил Европски шампион со италијанската репрезентација на првенството во 1968 година.

Џанкарло Берчелино понекогаш се среќава и како Берчелино I за да се разликува од неговиот брат Силвино, кој исто така бил фудбалер.[1]

Remove ads

Животопис

Тој е син на Терезио Берчелино, фудбалер кој играл во Серија А кон крајот на 1930-тите години.

Клупска кариера

Thumb
Берчелино во дресот на Јувентус во сезоната 1965-1966.

Тој ја започнал својата кариера под водството на неговиот татко Терезио, кој во тој период бил тренер на Боргосезија. Сепак, три години подоцна тој бил забележан од скаути на Јувентус, и бил ангажиран од страна на клубот од Торино. Својата професионална кариера ја започнал на позајмица во Алесандрија, во Серија Б, во сезоната 1960-1961, додека веќе следната година се нашол во почетната постава на Јуве во Серија А, забележувајќи го своето деби на 27 август 1961 година во ремито 1-1 со Мантова.

Тој останал во Јувентус до 1969 година, правејќи впечатливо партнерство во центарот на одбраната заедно со Ернесто Кастано. Во август 1965 година, тој го освоил својот прв трофеј со клубот, Купот на Италија. Две години подоцна, на крајот на сезоната 1966-1967 тој го освоил своето прво и единствено скудето.

Во 1969 година Берчелино се преселил во Бреша, а во ноември 1970 година клубот се договорил со Лацио за позајмица на играчот, кој сепак никогаш не го облекол "бјанкочелестиот" дрес заради разни договорни проблеми и проблеми со членството; тој се посветил на семејниот бизнис и ја завршил својата фудбалска кариера на возраст од 30 години.

Потоа, сепак тој се вратил во фудбалот и бил тренер на неколку аматерски клубови во Пиемонт.

Remove ads

Репрезентативна кариера

Своето деби за италијанската репрезентација, Берчелино го направил на 1 мај 1965 година во победата со 4-1 над Велс во пријателски натпревар. Потоа тој одиграл неколку натпревари во квалификациите за Европското првенство 1968. Конечно, тој бил меѓу играчите повикани од страна за селекторот Валкареџи за самото Европско првенство 1968 година на кое Италија била шампион. Тој одиграл само еден натпревар на турнирот во полуфиналето против СССР кое по 120 минути игра без постигнат гол (0-0) на крајот Италија го добила после фрлање на паричка.

Хронологија на репрезентативни настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија, Дата ...

Титули

Клупски

Италија Јувентус

1966-1967
1964-1965

Репрезентативни

Италија Италија

  • Европско првенство во фудбал Европско првенство : 1
1968

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads