9 октомври
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
9 октомври — 282-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (283-и во престапна година). Остануваат 83 денови до крајот на годината. Предлошка:Октомври 2025
Настани:
| 1000 | Лејф Ериксон го основа Винланд и станува првиот Европеец во Северна Америка. |
| 1595 | Шпанската армија го зазема Камбраи. |
| 1604 | Супернова 1604, најскорешната супернова забележана во Млечниот Пат. |
| 1876 | Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувонемите Александар Греам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ. |
| 1967 | Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. |
| 1975 | На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. |
| 1995 | Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција. |
Родени:
| 1547 | Мигел де Сервантес — шпански писател, автор на романот „Дон Кихот“. |
| 1608 | Џон Милтон — англиски поет. |
| 1757 | Шарл X — крал на Франција. |
| 1893 | Марио де Андраде — бразилски писател. |
| 1899 | Хенри Сајмонс — американски економист. |
| 1894 | Владимир Мошин — проучувач на македонската средновековна уметност и култура. |
| 1903 | Карел Стекли — чехословачки режисер. |
| 1907 | Жак Тати — француски филмски глумец и режисер. |
| 1920 | Јусеф Латиф — американски џез-музичар. |
| 1921 | Тадеуш Ружевич — полски писател. |
| 1938 | Хајнц Фишер — австриски политичар. |
| 1944 | Абдулах Сидран — босански писател и сценарист. |
| 1944 | Нона Хендрикс — американска поп-пејачка. |
| 1948 | Џексон Браун — американски музичар. |
| 1955 | Стив Овет — британски атлетичар. |
| 1958 | Срѓан Шапер — српски и југословенски рок-музичар, член на групата Идоли. |
| 1962 | Хорхе Буручага — аргентински фудбалер. |
| 1967 | Георге Попеску — романски фудбалер. |
| 1971 | Евгениј Наместников — руски хокеар. |
| 1973 | Тери Балсамо — американски гитарист. |
| 1990 | Кевин Кампл — германско-словенечки фудбалер. |
- 1940 - Џон Ленон, британски музичар
- 1946 - Тансу Чилер, турски премиер
- 1966 - Дејвид Камерон, британски политичар
- 1975 - Марк Видука, австралиски фудбалер
Починале:
| 1047 | Климент II — римски папа. |
| 1569 | Владимир Андреевич — руски кнез |
| 1841 | Карл Фридрих Шинкел — германски архитект, урбанист и сликар. |
| 1924 | Валериј Брјусов — руски писател. |
| 1934 | Александар I — Крал на Југославија (убиен). |
| 1956 | Мари Доро — американска глумица. |
| 1999 | Милт Џексон — американски џез-музичар. |
| 2010 | Морис Але — француски економист, добитник на Нобеловата награда. |
| 2014 | Борис Бузанчиќ — хрватски и југословенски глумец. |
| 2016 | Анджеј Вајда — полски режисер. |
| 2016 | Арон Прајор — американски боксер. |
- 19 - Германикус, римски државник и војсководец
- 1967 - Че Гевара, марксистички револуционер
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads