Џенел Моне

американска пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia

Џенел Моне
Remove ads

Џенел Монe Робинсон (aнгл. Janelle Monáe Robinson; роденa на 1 декември 1985 година) ― американска пејачка, текстописец, раперка и глумица. Десетпати била номинациана за Греми награда,[11] а добила наградата од Здружението на телевизиските глумци и награда „Еми за деца и семејство“. Моне, исто така, добила награда ASCAP Vanguard, како и награда „Ѕвезда во подем“ (2015) и награда „Трејблејзер на годината“ (2018) од Билбордовите жени во музиката.[12]

Кратки факти Џенел Моне, Животописни податоци ...
Remove ads

Живот и кариера

Детство и почетоци во музиката

Џенел Моне Робинсон била родена на 1 декември 1985 година во Канзас Сити. Нејзината мајка, Џенет, работела како чистачка и собарка во хотел.[13] Нејзиниот татко, Мајкл Робинсон Самерс, бил возач на камион.[14] Родителите на Моне се разделиле кога таа била мала, а нејзината мајка подоцна се омажила за поштенски работник.

Моне била воспитана како баптист и научила да пее во месна црква.[14] Моне уште од најрана возраст сонувала да стана пејачка, а за музичката определба рекла дека најмногу влијаел ликот на Дороти Гејл од Волшебникот од Оз.[15] Три години по ред победувала на шоуто за таленти „Juneteenth“.[16]

Како тинејџерка, Моне се запишала на „Тркалезната маса на млади драматурзи“ при театарот Котери[17][18] и почнала да пишува мјузикли. Еден мјузикл, кој го завршила кога имала околу 12 години, бил инспириран од албумот на Стиви Вондер од 1979 година, Journey Through "The Secret Life of Plants".[18]

По матурирањето, Моне се преселила во Њујорк за да студира на Американската музичка и драмска академија.[17][18] По една и пол година, Моне се испишала од академијата и се преселила во Атланта, каде се запишала на колеџот Џорџија Периметар.

Во 2003 година, Моне сама го издала демо-албумот под наслов The Audition[19] кој го продавала од багажникот на нејзиниот автомобил.[17]

Почетоци на кариерата (2005)

Инспирирана од еден настан кога била отпуштена од една компанија затоа што одговарала на е-пошта на обожавател користејќи компјутер на компанијата, Моне ја напишала песната „Lettin' Go“, која го привлекло вниманието на Биг Бои од групата OutKast. Моне била гостин на албумот од OutKast од 2006 година, Idlewild, и пеела во песните „Call the Law“ и „In Your Dreams“. Биг Бои му кажал на неговиот пријател Шон Комбс за Моне, за која Комбс во тоа време сè уште не слушнал.

Моне во 2006 година потпишала со издавачката куќа од Шон Комбс, Bad Boy Records.

Metropolis и The ArchAndroid (2007–2011)

Thumb
Моне настапува во Музичката хала во Остин во 2009 година

Во 2007 година, Моне го издала мини-албумот Metropolis: Suite I (The Chase). Во август 2008 година, албумот бил реиздаден под името Metropolis: The Chase Suite (специјално издание) и содржел две нови песни. ЕР-то добило позитивни критики, а Моне била номинирана за Греми за најдобра урбана/алтернативна изведба за синглот „Many Moons“.[20] Моне, исто така, имала турнеја како воведен изведувач за групата No Doubt на нивната летна турнеја од 2009 година.[21] Нејзината песна „Open Happiness“ била изведена во финалето од сезоната 2009 на American Idol.[22] Моне во интервју за МТV разговараше за нејзиното алтер его Синди Мејведер за кој рекла дека е андроид и дека андроидите се нов „друг“.[23]

На 18 мај 2010 година го издала албумот The ArchAndroid. Во ова издание, алтер егото на Моне, Синди Мејведер  исто така протагонист во Metropolis: The Chase Suite  станува месијанска фигура на андроид заедницата во Метрополис.[24] Концепт-серијата Метрополис црпел инспирација од широк спектар музички, филмски и други извори, почнувајќи од Алфред Хичкок преку Дебиси до Филип К. Дик. Серијата става посебен акцент на немиот филм од Фриц Ланг од 1927 година Метрополис, кој Моне го нарекла „кум на научнофанатастичните филмови“.[25][26]

Моне ја добила наградата „Vanguard“ од Американското здружение на композитори, автори и издавачи во 2010 година.[27] Моне настапила на 53. годишни награди „Греми“ во 2011 година заедно со музичарите Бруно Марс и B.o.B.[28]

Во септември 2011 година, Моне била гостин-пејач на синглот од групата Fun., „We Are Young“, кој постигнал голем комерцијален успех, се искачил на врвот на топ-листите во повеќе земји и бил продадени во над десет милиони примероци. За песната Моне добила три номинации за Греми на 55-тото годишно доделување Греми наградите, вклучувајќи ја и наградата запис на годината.[29]

The Electric Lady и други проекти (2012–2014)

Во јуни 2012 година, на џез фестивалот во Торонто, Моне извела две нови песни, „Electric Lady“ и „Dorothy Dandridge Eyes“ од нејзиниот тогаш претстоен втор студиски албум, The Electric Lady.[30]

Thumb
Моне настапува на Way Out West во Гетеборг. 8 август 2014 година

Првиот сингл на Моне од The Electric Lady, „Q.U.E.E.N.“, со Ерика Баду, бил достапен за купување во iTunes Store на 23 април 2013 година.[31] Во интервју од 2013 година, Моне рекла дека „Q.U.E.E.N.“ била инспирирана од разговорите со Ерика Баду за третманот на маргинализираните луѓе, особено на Афроамериканките.[32] Албумот The Electric Lady бил издаден на 6 септември 2013 година и тематски ги продолжил утописките киборг концепти на неговите претходници.

Моне го позајмила гласот на ветеринарката д-р Моне во филмот Рио 2 од 2014 година, а песната „What Is Love“ била вклучена во саундтракот.[33][34][35] Во април 2014 година, Моне била поканета да настапи заедно со Тесан Чин, Пети Лабел, Арета Френклин, Џил Скот, Аријана Гранде и Мелиса Етериџ во Белата куќа како дел од настанот „Жени во соулот“.[36]

На 14 април 2014 година, Моне ја добила инаугуративната награда за достигнувања во уметноста и медиумите од Женскиот центар при Харвард за нејзините достигнувања како уметник, застапник и феминист.[37][38] Моне, исто така, била прогласена за жена на годината за 2014 година од Форумот за црни мажи при колеџот Харвард.[39]

The Eephus и први филмски улоги (2015-2016)

Thumb
Моне на премиерата на <i id="mwAcc">Moonlight</i> во 2016 година

Во февруари 2015 година, Моне објавила дека нејзината независна издавачка куќа Wondaland Arts Society потпишала „историско партнерство за заедничко вложување“ со Epic Records која била преименувана во Wondaland Records. На 14 август 2015 година бил објавен мини-албумот Wondaland Presents: The Eephus кој содржел 5 нумери од музичарите кои потпишале со Wondaland Records.

Во октомври 2016 година, Моне дебитирала на филмското платно во филмот „Месечева светлина“ (англ. Moonlight) во кој исто така глумеле: Наоми Харис, Андре Холанд и Махершала Али.[40][41] Моне, исто така, глумела во филмот Скриени фигури (англ. Hidden Figures) заедно со глумците Тараџи П. Хенсон и Октавија Спенсер; филмот бил објавен во декември 2016 година.[42]

Dirty Computer и други проекти (2017–2022)

Thumb
Џенел Моне настапува на Dirty Computer Tour

Додека ги снимала двете филмски улоги, Моне останала активна во музиката и соработувала со Грајмс на песната „Venus Fly“ од нејзиниот албум Art Angels,[43] а исто така за саундтракот за Нетфликсовата серија The Get Down снимила песна под наслов „Hum Along and Dance (Gotta Get Down)“.[44] Моне придонела со песните „Isn't This the World“ и „Jalapeño“ за саундтракот за Скриени фигури.[45]

Нејзиниот трет студиски албум, под наслов Dirty Computer, бил издаден на 27 април 2018 година. На албумот му претходеле сингловите „Make Me Feel“ и „Django Jane“, и двата придружени со музички спотови.[46]

Албумот дебитирал на шесто место на Билборд 200 и во првите десет на топ-листите за албуми во Канада, Обединетото Кралство и Ирска.[47] Бил избран за најдобар албум на годината од три публикации: Асошиетед прес, Њујорк Тајмс и NPR.[48][49][50] Албумот бил номиниран за албум на годината на 61-то годишно доделување на Греми наградите. Во 2018 година, нејзината продукциска компанија Wondaland Pictures потпишала договор со Universal.[51]

На 6 декември 2018 година Моне ја добила наградата „Трејлблејзер на годината“ на настанот Билбордовите жени во музиката за 2018 година.[52] Во 2018 година, Моне имала главна улога во филмот Добредојдовте во Марвен, од режисерот и сценарист Роберт Земекис.[53] Таа ја заменила Џулија Робертс во втората сезона од серијата Homecoming, играјќи „жилава жена која се наоѓа себеси како плови во кану без да се сеќава како стигнала таму или која е“.[54] На 29 март 2019 година, во Бруклин, Моне ја внела Џенет Џексон во Куќата на славните на рокенролот.[55] Во 2019 година глумела во филмот Хариет, за аболицираната Хариет Табман. Во 2020 година Моне глумела главна улога во хорор-филмот „Антебелум“ и споредна улога во биографскиот филм „Глории“.[56][57]

На 9 февруари 2020 година, Моне била воведен изведувач на 92-тото доделување на Оскарите.[58] Во септември 2020 година, Монае го објавила музичкото видео Turntables како дел од двопартиската кампања за регистрација на гласачи на Amazon Studios.

На 4 јули 2021 година, Ние луѓето, серија од 10 епизоди анимирани музички видеа била премиерно прикажана на Нетфликс, креирана од Крис Ни и со Кенија Барис како презентер, а продуцирани од Барак и Мишел Обама.[59][60][61] Моне извела многу песни за серијата. Моне освоила Еми-награда за деца и семејство за извонредна програма во краток формат како еден од текстописците.[62]

Во 2022 година, Моне ги глумела сестрите близначки Хелен и Касандра „Анди“ Бренд во Стаклен кромид (англ. Glass Onion: A Knives Out Mystery),[63] за што била пофалена од критиката.[64][65] Во април 2022 година била објавена нејзината прва книга, The Memory Librarian: And Other Stories of Dirty Computer.[66]

The Age of Pleasure (2023)

Thumb
Janelle Monae настапува за време на турнејата „The Age of Pleasure“ во 2023 година

На 9 јуни 2023 година, Моне го објавила нејзиниот четврти албум The Age of Pleasure.[67] Албумот бил номиниран за албум на годината и за најдобар прогресивен R&B албум на 66-тото годишно доделување Греми наградите.[68]

Remove ads

Личен живот

За време на интервју за London Evening Standard во 2011 година, Моне рекла дека „е во врска само со андроиди“, повикувајќи се на нејзиното музичко алтер его.[69] Во 2013 година, Моне рекла дека сака и мажи и жени и изразила поддршка за ЛГБТ заедницата.[70] Моне рекла дека се смета себеси за бисексуалка и за пансексуалка.[16]

Филмографија

Филм

Повеќе информации година, Наслов ...

Дискографија

  • The ArchAndroid (2010)
  • The Electric Lady (2013)
  • Dirty Computer (2018)
  • The Age of Pleasure (2023)

Библиографија

Повеќе информации Година на објавување, Наслов ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads