Барак Обама

From Wikipedia, the free encyclopedia

Барак Обама
Remove ads

Барак Хусеин Обама II (англиски: Barack Hussein Obama II) — 44. претседател на Соединетите Американски Држави.

Повеќе информации Барак Обама, 44. претседател на САД ...

Обама е првиот афроамерикански претседател на САД и првиот афроамериканец воопшто номиниран од големата политичка елита за улогата на претседател.

Remove ads

Почетокот

Барак Обама е роден во Хонолулу, Хаваи на 4 август 1961 година.[1] Татко му, Барак Обама-постариот, е од Кенија, а мајка му е бела Американка од Вичита, Канзас. Тие се разделуваат кога Барак има две години и подоцна се разведуваат. Таткото на Обама се враќа во Кенија и успева да го види сина си пред да загине во сообраќајна несреќа во 1982. По разводот мајка му се мажи за Лоло Суторо и целото семејство се сели во неговата родна земја, Индонезија. Таму Барак посетувал училиште во Џакарта до својата десетта година. Потоа Барак се сели во Хонолулу, каде живее со родителите на мајка му. Неговата мајка умира во 1995 година како последица од рак на јајчниците. По гимназијата Обама се сели во Лос Анџелес, каде учи две години во универзитет. Подоцна се преместува во Њујорк, каде изучува политикологија и специјализира меѓународни односи.

Четири години подоцна Обама се преселува во Чикаго, каде започнува да раководи проект поврзан со црквите.

Remove ads

Семејство

Thumb
Барак Обама и Мишел Обама

Барак Обама се запознава со Мишел Робинсон во 1989 во универзитетот каде тој работел и му била соработник. Се венчаваат во 1992 година. Првата ќерка им се раѓа во 1998, а втората во 2001 година.

Кандидат-претседателска кампања

На 10 февруари 2007 во Спрингфилд Илиноис сенаторот Барак Обама објавува, дека ќе се пријави за номинацијата на Демократската партија на следните претседателски избори во САД во 2008 г.[2][3] Откако ја победува Хилари Клинтон, Обама го објавува за свој вицепретседателски кандидат сенаторот ветеран од Делавер Џо Бајден и ќе се натпреварува со неговиот противник на 4 ноември 2008 г. кандидатот на Републиканската партија Џон МекКејн.

Нобелова награда

На 9 октомври 2009 година , норвешкиот Нобелов комитет објавил дека на Обама му е доделена Нобеловата награда за мир за 2009 година „за неговите вонредни напори за јакнење на меѓународната дипломатија и соработка меѓу народите". Обама ја прими наградата во Осло, на 10 декември 2009, со „длабока благодарност и голема понизност". Наградата предизвика мешавина од пофалби и критики од светските водачи и медиумите. Обама е четвртиот претседател на САД кому му е доделена Нобеловата награда за мир, а третиот добитник за време на својот мандат.

Remove ads

Дела

  • Смелоста на надежта[4]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads