Џош Виндас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џошуа Дин Видас (роден на 9 јануари 1994 година во Хал) — англиски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Шефилд Венздеј.
Remove ads
Животопис
Виндас е роден во Хал, Хамберсајд.[1] Toj е син на поранешниот фудбалер, Дин Виндас.[2][3]
Технички карактеристики
Примарно е офанзивен играч за врска, но Виндас може да игра и како напаѓач.[4]
Кариера
Виндас ја започнал својата кариера во екипата на Хадерсфилд Таун.[2] Тој поминал десет години во овој клуб пред да биде ослободен во април 2012.[5] Својата сениорска кариера ја започнал во нисколигашот Харогејт Релвеј Атлетик, на кој му се приклучил во декември 2012.[6] Додека играл полупрофесионален фудбал во овој клуб, тој во исто време работел како градежен работник.[2]
По завршувањето на сезоната 2012-2013, Виндас потпишал договор со Акрингтон Стенли во јули 2013, станувајќи официјално професионален фудбалер откако му се приклучил на клубот од Лига Два.[7][8] Откако во првата сезона, ретко бележел минути поминати на теренот, следните две сезони биле многу важни за развојот на Виндас; во тие две сезони тој добил многу простор за игра благоарение на кој успеал да ги покаже својте квалитети постигнувајќи 23 голови, од кои 17 биле во последната сезона.
Откако во ноември 2015, на совет на својот татко одбил да го продолжи договорот со Акрингтон, во јануари 2016, заедно со својот соиграч Мат Крукс, Виндас потпишал четири годишен договор со шкотскиот великан Ренџерс. Двете засилувања од Акрингтон, официјално му се приклучиле на Ренџерс во јули 2016 и биле дел од подготвителните натпревари. Своето деби за Ренџерс, Виндас го направил на 16 јули 2016, во натпревар од Лига купот на Шкотска против Мадервел,[9] а во истото натпреварување го постигнал и својот прв гол против Ист Стирлингшир.
Сезоната 2017-2018, била најдобрата на Виндас дотогаш во кариерата: тој постигнал 18 голови во сите натпреварувања со кој бил најдобар стрелец на Ренџерс (изедначен со Алфредо Морелос), а со 13 погодоци во лигата тој бил трет стрелец, единствено зад Крис Бојд од Килмарнок и неговиот тимски колега Морелос.[10]
На 9 август 2018, Виндас се вратил во Англија, потпишувајќи за Виган Атлетик со кој играл во Чемпионшип.[11] Во сезоната 2018-2019, тој постигнал 5 гола помагајќи им на Латикс да обезбедат опстанок во лигата. На 31 јануари 2020, Виндас бил позајмен на Шефилд Венздеј каде ја доиграл сезоната 2019-2020, а на 2 септември истата година бил откупен од Венздеј за необјавена сума. Иако со 9 гола Виндас бил најдобар стрелец на Шефилд Венздеј во Чемпионшип во сезоната 2020-2021, тој не успеал да го спречи испаѓањето на клубот од лигата.
Remove ads
Клупска статистика
Статистиката е ажурирана на 4 март 2020.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads