Џ. Д. Селинџер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џером Дејвид Селинџер (англиски: Jerome David Salinger, роден на 1 јануари 1919 - 27 јануари 2010 ) — американски писател, најпознат по романот „Ловецот во 'ржта“ (The Catcher in the Rye).
Remove ads
Животопис
Џером бил единственото машко дете на Сол и Миријам Селинџер. Татко му бил увозник на деликатесна стока и, според некои извори, син на кливлендски рабин. Неговата мајка по мажењето го сменила своето име Марија Џилиќ во еврејското Миријам.
Селинџер останал верен на својот јунак Холден. Неговиот изолиран начин на живеење станал легенда, како и самото негово дело. Уште во 1953 г. се повлекол од Њујорк во својата колиба во планините во Њу Хемпшир, а во 1965 година престанал да објавува и се повлекол далеку од очите на јавноста. Со децении, со него не било можно да се оствари контакт, а последното интервју го направил во 1980 г.
Remove ads
Творештво
Првата книга на Селинџер, единствениот роман кој го објавил), „Ловецот во 'ржта“, излегла од печат на 16 јули 1951 г. На Селинџер му требале речиси 10 години да го напише ова дело, кое ги изразило сексуалните конфликти и егзистенцијални стравувања на младата генерација во повоена Америка, како и бунтот против лицемерноста и лагата во светот на главниот јунак, Холден Колфилд.[1]
Селинџер е можеби најчитаниот писател на светот од они екои напишале малку - сѐ на сѐ, објавил четири книги проза, од кои само „Френи и Зуи“ (Franny and Zooey, 1961) донекаде го повторила огромниот успех на „Ловецот во 'ржта“.
Селинџер е автор на следниве дела:[2]
- Ловецот во 'ржта (1951)
- Френи и Зуи (1961)
- За Есма: девет раскази
- Високо поткренете ја гредата на покривот, столари
- Симор: Вовед
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads