Проза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Проза — облик на пишување што има природен тек на говорот и граматичка структура наместо ритмичка структура како во традиционалната поезија, каде што стихот е заснован врз метрика или рима.
Remove ads
Заднина
Постојат критички дебати за создавањето на прозата: "... дистинкцијата помеѓу стихот и прозата е јасна, дистинкцијата помеѓу поезијата и прозата е нејасна".[1] Прозата со својата едноставност и лабаво дефинирана структура е поприлагодлива за дијалогот, фактичкиот дискурс и за актуелното и фиктивното пишување. Таа систематски се создава и се објавува во рамките на книжевноста, новинарството (вклучувајќи весници, списанија и радиодифузија), енциклопедиите, филмовите, историјата, филозофијата, правото и во речиси сите форми и процеси кои бараат човечки комуникации.
Remove ads
Потекло на поимот
Зборот "проза" првично се појавил во англискиот јазик во 14 век. Тој е изведен од старофранцускиот збор prose, кој пак поттекнува од латинскиот израз prosa oratio (буквален или директен говор).[2]
Потекло
Исак Њутн во Хронологијата на античките кралства напиша "грчките антиквитети се полни со поетски фикции бидејќи Грците не напишале ништо во проза пред освојувањето на Азија од страна на Кир Персиецот. Потоа Ферекид од Сироса и Кадм од Милет го вовеле пишувањето на прозата."[3] Проза. - мрежното место, подоцна напиша "Се разбира Њутн не открил некој закон од лингвистичка природа тврдејќи дека без разлика колку слобода во формата, спонтаност или неструктурираност литературната изјава може да има, таа секогаш ќе содржи поетски елементи, исто како што нејонизираните елементи секогаш ќе содржат електрони; најдобрата проза содржи најголем поетски набој добиен од најмалиот поетски напор."[4]
Структура
Во прозата отсуствува формалната метричка структура типична за стихот која може да се најде во традиционалната поезија. Прозата се состои од целосни граматички реченици во состав на параграфи игнорирајќи ја естетската привлечност, додека поезијата често вклучува метричка и/или римувачка шема. Некои дела на проза содржат траги од метричката структура или версификација и свесната комбинација на овие две литературни формати е позната како прозна поезија. Стихот се смета за посистематски или формулаичен, додека пак прозата е одраз на обичниот (често разговорен) говор. Во однос на ова Семјуел Тејлор Колриџ на шега побара поетите-почетници да ги знаат "дефинициите на прозата и поезијата; т.е., проза—зборови во нивниот најдобар ред; поезија—најдобрите зборови во нивниот најдобар ред."[5]
Господинот Журден побара нешто да биде напишано ниту во стих ниту во проза. Господар на филозофијата одговори дека не постои друг начин за изразување од прозата или стихот, од едноставна причина што сè што не е проза е стих, а сè што не е стих е проза. Молиер, Le Bourgeois Gentilhomme[6]
... Верувам дека една приказна може да биде уништена од погрешнен ритам во реченицата - особено ако тоа се случи кон крајот - или грешка во параграфирањето, дури и во интерпункцијата. Хенри Џејмс е мајстор на точката со запирка. Хемингвеј е параграфер од прв ранг. Во однос на слухот, Вирџинија Вулф никогаш не напишалата лоша реченица. Не сакам да имплицирам дека успешно го практикувам она што го проповедувам. Се обидувам, тоа е сè.[7]
Remove ads
Видови
Постојат многу видови на проза и тоа нефиктивна проза, херојска проза,[8] прозна песна,[9] полифонична проза, алитеративна проза, прозна фикција и селска проза во руската литература.[10] Прозната песна е дело во проза кое ги има и некои од одликите на песната.[11]
Многу форми на креативно и литературно пишување користат проза, вклучувајќи ги романите и кратките раскази. Писателот Труман Капоти сметал дека расказот е "најтешката и дисциплинирачка форма на пишување на проза која постои".
Remove ads
Поврзано
Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads