Авле
село во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Авле (грчки: Αυλές, Авлес) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 236 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено околу 4 км западно од Серфиџе, на левата страна на реката Фармаки, во подножјето на планината Бурсана, на надморска височина од 360 м.[2][3]
Историја
Во Отоманското Царство
Неговото население уште од порано има грчко потекло.[2]
Во XIX век Авле било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Авлес (Αυλαίς) живееле 120 Грци христијани.[4]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 180 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 146 лица.[2]
Со потпишувањето на Лозанскиот договор во 1922 г. во селото се населиле 30 семејства (вкупно 109 бегалци), така што селото станало мешана населба. Во 1928 г. Авле е заведено со 295 жители или според други податоци, тоа претставувало чисто бегалска населба.[2][5]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[2]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 11 квадратни километри.[2] Општината Авле била приклучена во општината Серфиџе во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.
Селото припаѓа на општинската единица Серфиџе со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Авле, во кој е единствено село.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads