Серфиџе
гратче во Кожанско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Серфиџе (грчки: Σέρβια, Сервија; турски: Serfice; во подалечното минато: Србица) — гратче во Кожанско, Егејска Македонија, едно од поважните населени места во Кожанскиот округ во денешна Западна Македонија, Грција и седиште на општината Серфиџе.[2]. Според пописот од 2011 г. гратчето брои 3.540 жители.[3]
Remove ads
Географија
Гратчето е сместено на западното подножје на планината Камбуница, на десниот брег на реката Бистрица. Околу 4 км северозападно од Серфиџе се протега вештачкото Витивјанско Езеро (Полифито) пресечено со познатиот автопатен мост долг 1,37 км.[4]
Историја
Среден век
Царот Константин Порфирогенит во неговото дело „За управувањето на царството“, Серфиџе и подрачјето околу него во првата половина на VII век го зазеле Бугарите на Кубер како и Срби доселени од Бојка (Бела Србија) — нивната прататковина. Србите подоцна да се вратат во старата татковина, но на крајот издејствувале царот Ираклиј I да ги остави да живеат како федерати во Илирик. Името Сервија веројатно потекнува од населбата Србица кајшто тие живееле.
Во 989 г. Серфиџе влегло во Самоиловото Царство, но в 1002 г. царот Василиј II си ја повраќа тврдината, и покрај силниот отпор на командантот Никулица.[5]
На почетокот на XI век Серфиџе станало центар на една од епархиите на Охридската архиепископија. Во текот на следниве векови, заедно со Берската, оваа епархија била предмет на спорови помеѓу Охридската архиепископија и Цариградската патријаршија и повеќепати преминувала од едната во другата.[6]
Некогашната епископска Базиликата на придобиените е од X век,[7] црквата „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ е од втората половина на XI век,[8] а „Свети Бессребреници“ е од XI-XII век.[9]
Во Османлиското Царство
Според грчката статистика од 1904 г., во Серфиџе (Сервија) живеат 1 000 „гркојазични Грци“ и 250 „влахојазични Грци“ (т.е. погрчени Власи), од кои ниеден не е пороманчен.[10]
Во Грција
За време на Прва балканска војна во октомври 1912 г. ги поразуваат османлиските сили в Битката кај Гликово (Сарандапоро), јужно од Серфиџе. Во градот влегуваат грчки единици, па по Втората балканска војна во 1913 г. Серфиџе останува во Грција.
Во 1922 г. е иселено муслиманското наеление и доселени се грчки бегалци од Турција. Во 1928 г. Серфиџе имало мешано население од староседелци и бегалци, со 290 бегалски семејства, односно 1.112 доселени луѓе.[11]
Личности
- Теодора Петралифина или Артенска (XIII век) — византиска благородничка и светица
Литература
- Μαλούτας, Μηνάς Εμμ., "Τα Σέρβια, ιστορική και λαογραφική επισκόπησις", Θεσσαλονίκη 1956.
- Τσαρμανίδης, Α.Γ., "Συμβολή στην ιστορία της επαρχίας Σερβίων, κατά την περίοδο 1350-1912. Τόμος Α', 1350-1880", Μορφωτικός Όμιλος Σερβίων "Τα Κάστρα", Σέρβια 1995.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads