Аврамово (Пиринско)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Аврамово (Пиринско)map
Remove ads

Аврамово — село во Разлошко, Пиринска Македонија, денес во општината Јакоруда на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 636 жители (2024).

Кратки факти Аврамово, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Аврамово се наоѓа во планинско подрачје. Се наоѓа во Аврамското седло кое ги дели планините Рила и Родопи. Од општинскиот центар - Јакоруда е на 18 километри.

Историја

Селото е основано во 1955 година. од населбите Аврамови колиби, Планковци, Тиберова и Харлиова села и селото Бабјак.[1]

Демографија

На табелата е прикажан бројот на населението во Аврамово за периодот 1956-2011:

Повеќе информации година, население ...

Етнички состав

Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:

националност број %
Бугари 96 13,28
Роми - -
Турци 582 80,50
други - -
не се самоопределиле - -
не одговориле 45 6,22
Вкупно 723 100

Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[2]

Културни и природни знаменитости

Тука се наоѓа највисоката железничка станица на Балканот, со надморска височина од 1267 метри. Железничката станица Аврамово е станица на единствената железничка линија со тесен колосек во Бугарија, со колосек од 760 мм, што ги поврзува градовите Септември, Велинград, Јакоруда, Мехомија, Банско и Добриништа. Линијата е една од најживописните во цела Европа и во исто време важна за локалното население кое во зима нема друг превоз до поголемите градови како Мехомија и Велинград.

Remove ads

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads