Јакоруда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јакоруда — град во Општина Јакоруда, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Јакоруда се наоѓа во Благоевградската област, 30 километри североисточно од Мехомија, по горното течение на реката Места, на родопски рид Бунтишка. На југ и исток е заграден од планината Родопи, а на север и запад – од Рила.
Историја
Антички период
Урнатините на тракиското светилиште кај врвот Бабечка Чука сведочи за постоењето на населба во регионот околу Јакоруда во тракискиот период. Овој регион е една од точките низ кои поминувал римски пат што го поврзувал Филиполис и долината на Марица со еден од главните патишта на Римското Царство.
Во градот се пронајдени се остатоци од црква со некропола од крајот на V век, уништена во крајот на VI и VII век и повторно изградена во XIII и XIV век.[1]
Отомански период
Во османлиската власт Јакоруда е дел од вакафот на големиот везир Кара Мустафа и од 1508 година е ослободена од некои даноци според привилегиите, давани на вакафските села. Кон средината на XVII век Јакоруда е најголемото село во Разлошко.
Во 1835 година е изградена црквата „Свети Никола“, која наводно била разрушена во поплавата во 1927 година.[2]

Јакоруда започнува да оживува од отоманските пагроми во првите децении на 19 век. Подемот на животот на бугарскиот народ за време на Преродбата се рефлектира и во развојот на населбата. Покрај сточарството, за многу децении земјоделството со катран обезбедува средства за егзистенција за голем дел од населението. Контактот со надворешниот свет, со луѓе од целата земја е фактор што придонесува за подемот на процесот на преродба во Јакоруда. Во 1835 година била изградена црквата Свети Никола, која, сепак, била уништена од поплава во 1927 година.
Во втората половина на XIX век, Јакоруда е дел од Неврокопската каза во Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во граотдот имало 4.490 жители, од кои 4.400 Македонци (2.500 христијани и 1.900 муслимани)[3] и 90 Роми.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јакоруда имало 2.920 Македонци[3] егзархисти, 104 Македонци[3] протестанти и 78 Роми.[5]
Бугарија
По завршувањето на Балканските војни во 1913 година, Јакоруда влегува во составот на Бугарија.
Со закон од 9 септември 1964 година, Јакоруда е прогласена за град.[6]
Remove ads
Стопанство
Демографија
Според пописот од 2011 година, во Јакоруда живееле 5.792 житела.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[7]

Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.
На табелата е прикажан бројот на населението во Влахи за периодот 1934-2011:[8]
Последниве години Јакоруда бележи пад на бројот на населението и од 1975 до 2011 година, бројот на жители е намален за 14,5 %.
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Личности родени во Јакоруда:
- Маријка Г. Бојаџиева — учесник во НОВ на Македонија. Преселена во Ваташа.
Култура и спорт
Иселеништво
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads