Агалар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Агаларmap
Remove ads

Агалар (грчки: Κρήνη, Крини) — село во Општина Места во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Агалар Κρήνη, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 67 километри западно од градот Кавала и на 13 километри северно од Саришабан.

Селото се наоѓа на надморска височина од 70 метри.

Историја

Селото во текот на XIX век се наоѓало во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со турско население.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Крини[2].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година бројот на населението бил 108 лица, додека во 1940 година селото броело 95 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 78 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 81 жител, во 1971 година имало 72 жители, во 1981 година имало 67 жители, додека во 1991 година имало 52 жители[3]. Денеска, населението на селото е 34 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads