Адамче Најдов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Адамче Најдов
Remove ads

Адамче Најдов, познат и како Адамче Јанов и Адамче Зограф (1816-1882, Прилеп), е најплодниот прилепски зограф во XIX век.[1]

Thumb
Работна скица на Адамче Зограф

Животопис

Адамче Зограф е најплодниот прилепски зограф којшто работел во средината и втората половина на XIX век. Негов учител бил Никола Михајлов од Крушево, со кого заедно работеле во Белград[2] 5-6 години, односно работел на територијата на Врањската епархија.[3] Подоцна станал самостоен мајстор. Во неговата работа му помагале учениците Јован Прилепчанин и неговиот син Стефан Зографов. Неговата работа ја проследуваме во периодот од 1861 до 1881 година. За потребите на празнувањето на празникот „Св. Кирил и Методиј“, Прилепската општина на Адамче Зограф му порачала да изработи една икона во големина од: 1,5 метри височина и 1 метар широчина.

Remove ads

Икони

Засега неговите најстари пронајдени икони потекнуваат од манастирската црква „Св. Архангел Михаил“ во Варош. Станува збор за престолните икони: Св. Архангел Михаил, Св. Богородица со Христос и Св. Јован Крстител. Икони со негов потпис се наоѓаат во црквите: „Св. Спас“ во Тополчани (икона на Св. Богородица од 1862 и живопис од 1864 година); „Св. Архангел Михаил“ во Варош (икона на Св. Архангел Михаил од 1863 година, која на манастирот ја подарил казанџискиот еснаф); „Св. Богородица“ во Кадино Село (икона на Св. Ѓорѓи од 1781), „Св. Никола“ во Вранче (икона на Св. Богородица од 1874); „Св. Благовештение“ во Прилеп (икона на Св. Недела од 1870 и Св. Мина од 1874 година); „Успение Богородично“ (икона на Св. Недела од 1878; непотпишани икони кои се сметаат негови: Св. Богородица, Исус Христос, Јован Претеча и Св. Димитриј од 1871, додека пак, иконата влегувањето во Ерусалим е датирана во 1873 година); „Св. Преображение“ во Прилеп (иконата Св. Димитриј од 1872, Св. Трифун од 1873 и Св. Трифун од 1881 година); „Св. Богородица“ во Горно Чичево, Велешко (икона на Јован Претеча од 1875 година, што укажува на фактот дека Јанов работел и надвор од прилепскиот регион) и др.[4]

Remove ads

Начин на работа

За Зограф е карактеристично тоа што иконите ги сликал со ко­пи­рен картон. Иконите што ги изработил во првиот период од не­го­ва­та работа се одликуваат со интензивна боја, користел детали ка­рак­теристични за резбарските работи, и имал ограничена скала на то­нови (цинобер, розе, темно или светлозелено). Во подоцнежната фа­за од неговото творештво контрастите се помалку забележливи, ис­такнува анатомски делови од лицето. Насликаните фигури се ре­ла­тивно симетрични, педантно изработени, со статичност на ли­ко­ви­те.

Денес, неговата работна опрема се чува во Галеријата на икони во Прилеп.[5]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads