Вранче
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вранче — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Remove ads
Географија и местоположба
Се наоѓа во Прилепското Поле, југозападно од центарот на општината и северозападно од градот Прилеп. Во селото тече реката позната под името Блато. Вранче е село од збиен тип, кое се дели на маала. Роднинските куќи се блиску, едни покрај други и групирани. Помалите делови ги имаат роднинските имиња, како: Гајдовци, Мраушковци, Ковиловци и сл. Потезите околу селата се нарекуваат: Изгиналица, Деривол, Русоица, Белчеица, Матица, Долна и Горна корија, Белуток, Различиште, Пупуница, Слатина, Тумба, Стари лозја.

Историја
Вранче е старо село. Во неговиот атар се регистрирани следниве Археолошки наоѓалишта: „Аџина Бара“ – населба римско време од средниот век; „Горна Корија“ – населба и некропола од доцноантичко време; „Длабока Бара“ – населба од доцноантичко време; Русоица – населба од доцноантичко време; „Стари Лозја“ – бакарно и римско време; „Тумба“ – населба од доцноантичко време; „Црква Свети Никола“ – осамен наод од римско време, кој се наоѓа во дворот на црквата, каде пред влезот во истата, од западната страна се наоѓаат повеќе антички споменици од мермер, и тоа: надгробни стели, делови од стебла на столбови и друго.
На три километри јужно од Вранче се наоѓа местото Тумба. Тука на почетокот на минатиот век селаните наоѓалер камени плочи, кои ги употребувале во градбата на куќите. На потегот Стари лозја, западно од Вранче, низ нивите имало изорано и стари темели. За време на турската власт тука биле формирани чифлици.
Според Турскиот пописен дефтер за Велешката каза од 1568/69 година, за Вранче е запишано дека е село – чифлик на спахијата Мустафа и Кочи, неговиот син, и дека припаѓа на Прилеп. Тогаш во Вранче живееле: Стојан Пејо, Димитри Миле, Пејо Дојчин, Никола Јован, Јовко Николин, Јован Грубан, Пејо Николин, Стојан Пејо, Којко Пејо, Димитри Пејо, Продан Пејо, Димко Рале, Грубо Димјо, Рале Пејо, Петко Рале, Стојан Јове, Продан Нове, Митан Продан, Станиша Јове, Јован Протуѓер… За првпат се спомнуваат и имиња на свештеници, кои живееле во Вранче: Поп Костадин, поп Стојан, поп Пејо и поп Никола. Вкупниот приход од Вранче изнесувал 9200 акчиња и истиот најмногу бил остваруван од пченица, мешано жито, испенџе, шира, ушур од трева, нијабет и свадбарина, данок за ситна стока.[2]
Во екот на револуционерните борби против Османлиите, во селото постоел револуционерен кружок кој делувал во селото и околината.[3] Во мај 1902 година по инструкција на Окружниот комитет на МРО за Прилеп, во Вранче се состанале војводите со четите на: Веле Марков, Славејко Арсов, Петар Ацев и Ѓорѓи Сугарев. На Состанокот во Вранче биле донесени неколку одлуки, меѓу кои и формирање на четврта чета, прилепска, на чело со Петар Ацев од трите дотогаш постоечки чети: битолската, крушевската и кичевската.[4]
За време на Илинденското востание и по него биле уапсени голем број селани под обвинение за членство и помагање на ТМОРО.[5]
Стопанство
Во минатото селото важело за едно од најбогатите прилепски села. Денес, главен извор на приход е земјоделството.
Население
Во XIX век, Вранче било село во Прилепската каза на Османлиското Царство. Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година кога имало 20 семејства и 2 неженети, сите христијани.[6] Понатаму, во 1481/82 – 25 семејства и 3 вдовици; во 1544/45 – 90 семејства, 11 неженети и 6 вдовици, но овој пат се сретнуваат и 2 муслимански семејства; во 1568/69 – 35 семејства, 77 неженети и 3 вдовици.[7]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вранче (Vrantché) било село со 69 домаќинства и 308 жители. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото е населено со 520 жители христијани и 10 Роми.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вранче живееле 530 жители, од кои 520 Македонци 10 Роми.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вранче имало 64 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вранче се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[11]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 105 жители, сите Македонци.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 84 жители, од кои 79 Македонци и 5 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Родови

Вранче е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци или доселеници со непознато потекло: Ковиловци (7 к.), Пројчевци (7 к.), Колчаковци (7 к.), Мраушковци (5 к.), Димитровци (4 к.), Булдиовци (3 к.), Мицановци (4 к.), Петлевци (3 к.), Николовци (3 к.), Трумпевци (2 к.), Тумбевци (2 к.), Атанасковци (2 к.), Каламуковци (3 к.), Сисирковци (3 к.), Јанковци (3 к.), Какаровци (2 к.), Китевци (3 к.), Џунковци (2 к.), Остревци (3 к.), Карабелевци (3 к.), Пандевци (2 к.) и Влашковци (1 к.)
- Доселеници: Гајдовци (6 к.) и Апостоловци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде; Кандовци (3 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Крапа во Порече.[18]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1464 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[20]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 64 гласачи.[21]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[22]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква изградена во 1874 година;
- Археолошки наоѓалишта[23]
- Аџина Бара — населба римско време и среден век;
- Горна Корија — населба и некропола од доцноантичко време;
- Длабока Бара — населба од доцноантичко време;
- Русоица — населба од доцноантичко време;
- Стари Лозја — бакарно и римско време;
- Тумба — населба од доцноантичко време;
- Црква Св. Никола — осамен наод од римско време;
Редовни настани
Личности
- Николина Николески (р. 1976) - хрватска и индиска танчерка на класични индиски танци;[24]
- Јордан Ковилоски (1884-1979) - македонски револуционер.[25]
Култура и спорт
Иселеништво
Од Вранче иселени се: Паламидовци, се иселиле во Сенокос; Илиовци, се иселиле во Локвени; Коневци, се иселиле во Жабјани. Пижаковци живеат во Дедебалци. Многу семејства се иселени во Прилеп и Скопје, но и во странство.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads