Административна единица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Административна единица
Remove ads

Административна едниница (или управна единица) е дел од земја или друга политичка целина формирана со цел да се организира и олесни нејзиното управување и функционирањето на жителите. Овие единици имаат извесен степен на автономија и се задолжени да раководат со себе по пат на локална самоуправа. Една земја може да има повеќе степени на административна поделба во зависност од нејзината големина и потреби. На пример, повеќе земји се поделени покраини, кои потоа се делат на окрузи или области, кои пак може да бидат понатаму поделени на општини.

Thumb
Административни единици во светот

Административните единици се концептуално поинакви од зависните територии. Првите се составен дел од една држава, додека пак другите имаат поголема автономија и се географски оддалечени. Во некои случаи овие два поима се совпаѓаат, но тоа е мошне ретко.

Во светот постојат многу разни видови на административни единици. Понекогаш преведувањето на поимите кои се користат за тие целини е тешко бидејќи нивното значење зависи од културно-историската средина каде што се појавиле.

Remove ads

Некои единици

  • санџак
  • сатрапија
  • село
  • сојузна држава
  • сојузна покраина
  • стотка
  • фракција
  • фрегезија
  • царство
  • шајр

Поврзано

Надворешни врски

    Loading related searches...

    Wikiwand - on

    Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

    Remove ads