Активен астероид

From Wikipedia, the free encyclopedia

Активен астероид
Remove ads

Активни астероидимали тела во Сончевиот Систем кои имаат орбити налик на оние на астероидите, но покажуваат одлики при набљудувањето слични на оние на кометите. Односно, кај истите се забележуваат кома, опашки или други видливи докази за губење на масата (како кај кометите), но нивната орбита не е поголема од Јупитеровата орбита (како онаа на астероидите).[1][2] Овие тела првично во 2006 година биле означувани како комети од главениот појас (КГП) од страна на астрономите Дејвид Џуит и Хенри Хси, но ова име укажувало дека тие по состав се мраз, како и кометите и дека тие постојат само во рамките на главниот појас, додека пак набљудуваната растечко население на активни астероиди покажува дека тоа и баш не е секогаш таков случајот.[1][3][4]

Thumb
Астероидот (596) Шејла, наликува на комета на 12 декември 2010 година.

Првиот забележан активен астероид е 7968 Елст-Писаро. Забележан е (како астероид) во 1979 година, но подоцна од страна на Ерик Елст и Гвидо Писаро во 1996 година била забележана опашка и му била доделена кометарна ознака 133P/Елст-Писаро.[1][5]

Remove ads

Орбити

За разлика од кометите, кои поголемиот дел од својата орбита е на растојанија до Јупитер или на поголеми растојанија од Сонцето, активните астероиди се во орбита во орбитата на Јупитер, и честопати се разликуваат од орбитите на вообичаените астероиди. Џуит ги дефинирал активните астероиди како тела кои, покрај тоа што имаат видлив доказ за загуба на масата, тие имаат и орбита со:[2]

  1. Голема полуоска a<Јупитер (5,20 ае )
  2. Тисеранов параметар во однос на Јупитер ТЈ>3,08

Џуит го избирал Тисеранов параметар од 3,08 наместо 3,0 (Тисерановиот параметар за Јупитер) за да направи разлика меѓу астероидите и кометите, и да се избегнат нејасните случаи предизвикани од реалниот Сончев Систем, што отстапува од идеализираниот ограничениот проблем на три тела.[2] Првите три забележани активни астероидисе во орбита во надворешниот дел на Астероидниот појас.

Remove ads

Активност

Thumb
Распадот на астероидот P/2013 R3 забележан од вселенскиот телескоп Хабл (6 март 2014 година).[6][7]

Некои од активните астероиди имаат кометарна опашка од прашина само во делот од нивната орбита во близина на перихелот. Ова силно укажува на тоа дека испарливите делови на нивните површини сублимираат, и испуштаат прашина.[8] Активноста во 133P/ Елст-Писаро е повторлива, и е забележана во секој од последните три перихели.[1] Активноста опстојува во периодот од еден месец или неколку од целокупниот период на орбитата од 5-6 години и веројатно причина е мразот кој бил раскопан од ситни удари во последните 100 до 1000 години. Овие удари се смета дека се причината за раскопувањето на овие подземни џебови испарлив материјал, на тој начин што се изложени на Сончевото зрачење.

Кога беше откриена во јануари 2010 година, P/2010 A2 (ЛИНЕАР) првично му била доделена кометарна ознака и се сметало дека пројавува сублимација типична за кометите,[9] но сега за P/2010 A2 се смета дека е остаток од судир меѓу два астероиди.[10][11] Набудувањата на (596) Шејла посочуваат дека големи количини на прашина биле покренати од влијанието на друг астероид со полупречник од приближно 35 метри.

P/2013 R3

Во октомври 2013 година, набудувањата на P/2013 R3, направени со 10,4 метарскиот Голем канарски телескоп на островот Ла Палма, покажале дека оваа комета се распаѓа.[12] Разгледувањето на подредените CCD-слики, сликани на 11 и 12 октомври, покажале дека кометата од главниот појас била придружувана од централна светла кондензација, и дополнително од уште три дела, A, B и C. Најсветлиот дел A, исто така, беше забележан на пријавената местоположба на CCD-сликите, сликани на 12 октомври со 1,52 метарскиот телескоп на опсерваторијата „Сиера Невада“ во Гранада.

НАСА известла за низа слики направени од вселенскиот телескоп Хабл помеѓу 29 октомври 2013 и 14 јануари 2014 година, кои покажуваат зголемување на растојанието меѓу четирите главни села.[13] Јарковскиевиот ефект, предизвикан од упадната сончева светлина ја зголемил вртежната брзина сè додека центрифугалната сила не предизвикала разделување на збирниот шут.

Remove ads

Состав

Некои од активни астероиди покажуваат знаци дека се претежно составени од мраз како и вообичаените комети, додека за други се знае дека се со карпестсостав како и останатите астероиди. Се претпоставува дека кометите од главнит појас биле извор за водата на Земјата, затоа што односот на дутериум-водород на океаните на Земјата е пренизок за главниот извор да бидат класичните комети.[14] Европските научници предложија мисија за враќање примероци од КГП, наречена Каролина, за да се анализира содржината на испарливостите и да се соберат примероци од прашината.[8]

Членови

Припадници членови на оваа морфолошка класа се:

Повеќе информации Име, Голема полуоска (ае) ...
Remove ads

Истражување

Thumb
Астероидот (101955) Bennu забележан како исфрла честички на 6 јануари 2019 година на сликите снимани од страна на вселенското летало OSIRIS-REx.

Касталија е замисла прдложна мисија за роботско вселенско летало за истражување на 133P/Елст-Писаро и да ги направи на самото место мерењата за количеството на вода во астероидниот појас и со тоа да помогне во решавањето на мистеријата за потеклото на водата на Земјата.[48] Предводник на мисијата е Колин Снодграс, од Отворениот универзитет во Велика Британија. Касталија како мисија и била предложена на Европската вселенска агенција во 2015 и 2016 година во рамките на програмата „Космичка визија“ за мисиите М4 и М5, но не била одбрана. Екипата продолжува да ја развива замислата за мисијата и научните цели. Поради потребното време за изградба и орбиталната динамика, бил предложен датум за лансирање во октомври 2028 година.

На 6 јануари 2019 година, мисијата OSIRIS-REx првпат забележала повремени изблици честички од 101955 Бену, кус период по навлегувањето во орбита околу близуземскиот астероид, што довело до тоа тој да биде прекласифициран како активен астероид. Оттогаш се забележани најмалку 10 други вакви настани.[3] Големината на загубата на маса кај овие настани е многу помала од онаа што претходно била забележана кај другите активни астероиди набљудувани со телескопи, што укажува дека постои континуум на големината на загуба на маса кај активните астероиди.[29]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads