Алеко Константинов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Алеко Константинов (бугарски: Алеко Константинов) (1 јануари 1863 – 11 мај 1897) (NS: 13 јануари 1863 – 23 мај 1897) бил бугарски писател, познат по неговото дело Бај Гањо, еден од најпознатите ликови во бугарската белетристика.
Remove ads
Биографија
Роден во семејство на богат трговец во градот Свиштов на реката Дунав. Студирал на Правниот факултет на Универзитетот во Одеса, а завршил во 1885. Работел како правник во Софија пред да започне кариера како писател. Неговиот прв роман, организиран како збирка раскази, Бај Гањо, го опишува патувањето на еден трговец на ружино масло и килими низ Западна Европа. Иако безобразен и несмасен, Бај Гањо, се покажува како генијален и некои учени го сметаат за огледало на Бугарија која се модернизира. Се верува дека овој лик е инспириран од трговецот од Карлово, Гањо Сомов.
Константинов, космополитски патник, бил првиот бугарин кој пишувал за неговите посети на Западна Европа и Америка. Тој ги посетил Светските изложби во Париз во 1889, Прага во 1891 и Чикаго во 1893 - при што ги посетил и Нијагарините водопади - што му обезбедил на бугарскиот читател, кој неодамна добил независност од 500 годишното Османлиско ропство, портрет на развиениот свет.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads