Бај Гањо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Бај Гањо: Неверојатни раскази за еден современ Бугарин“ — збирка раскази на бугарскиот писател Алеко Константинов.
Содржина
- Бај Гањо тргна низ Европа. При една средба, група луѓе раскажуваат за смешните доживувања на сонародникот Гањо Балкански: трчањето по возот на станицата во Будимпешта со цел да си го земе килимчето; скандалите во операта и во јавната бања во Виена; несоодветното оплакување на мртвото тело на сетра му Марика во Дрезден; патувањето на бугарските туристи со воз до Прага; неуспешниот обид да се смести во домот на професорот Ирачек и вселувањето во станот на еден бугарски студент, кој го претставува бај Гањо како богат фабрикант на масло од рози. Притоа, гај Бањо секаде го првилекува вниманието со својата необична појава — со неуреден изглед, облечен во традиционална бугарска носија, зборува бучно и со гестикулации, ги задева жените, итн.[1]
Remove ads
За делото
Според сведочењето на Пенчо Славејков, К. Крстев и В. Мирољубов, идејата за ликот на бај Гањо и материјалот за книгата Константинов ги добил за време на средбите на десетина млади луѓе во Софија, кои ги нарекувале „заседанија на Весела Бугарија“. На нив, присутните раскажувале анегдоти и вистинити случки при што книгата настанала под влијание на тие раскажувања, а на многу места и со буквално преземање на тие раскази.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads