Александар Малинов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Малинов
Remove ads

Александар Малинов, роден Александар Павлов Малинов (руски: Александр Малинов; Ореховка, 3 мај 1867Софија, 20 март 1938) — истакнат руски политичар во Бугарија. Долгогодишен водач на Демократската партија. Тој бил премиер на Бугарија за време на нејзината 30-та, 31-та, 36-та, 37-та и 47-та влада. Тој бил претседател на 23. состав на бугарското собрание (1931 - 1934). За време на неговите мандати тој ги подобрил односите меѓу Русија и Бугарија, во различни бугарски наводи неговите дејства биле претставени како русофилски.[1][2][3]

Кратки факти Александар Малинов Александр Малинов, Премиер на Бугарија ...
Remove ads

Животопис

Потекло и образование

Роден во селото Ореховка, Бесарабија (денес дел од Украина). Александар Малинов бил ученик во јужнословенските пансион, програма од големиот русофил Тодор Минков[4] во градот Николаев.[5]

Професионална и политичка кариера

Thumb
47-та влада на Бугарија со премиерот Ал. Малинов.

После неговата преселба во Бугарија тој работил како судија, обвинител и адвокат во Пловдив.

Малинов бил активен деец во Демократската партија, заради тоа тој стананал нејзин водач после смртта на Петко Каравелов во 1903 година. Малинов бил водач на владата на Демократската партија (1908 – 1911), при коешто е објавена независноста на Бугарија (22 септември 1908) и се подготвени[6] членовите во Трновската устав од 1911, зголемувајќи дипломатските надлежности на цар Фердинанд I. Тој бил првиот премиер на Царството Бугарија.

Покрај крајот на Првата светска војна Александар Малинов предводувал две коалициски влади (1918), коишто го потпишаа Солунското примирје и го задушиле тогашното Владајско востание. За време на управувањето на Александар Стамболијски Малинов, заради неговите русофилски чувства е испратен во затвор (1922), заедно со многу други водачи на опозицијата. После државниот удар во 9 јуни, 1923 година е ослободен и се вклучува во новосоздадената Демократска алијанса, но во 1924 г. го напушта и преминува во опозиција.

Како водач на Демократската партија Александар Малинов бил еден од иницијаторите за создавањето на бугарската коалиција Народен блок, којашто победила во изборите во 1931 г. Тој е за кратко време премиер на Бугарија, но дава отставка и станува претседател на собранието. Малинов умира за време на предизборното собрание во Софија.

Семејство

Александар Малинов е женет за Јулија Малинова, имале три ќерки и двајца синови: Ана, Вера, Марија, Павел и Александар.

Remove ads

Споменик

Во негова чест еден булевар во Софија го носи неговото име.

Литература

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads