3 мај
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Мај 2025 3 мај — 123-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (124-и во престапна година). Остануваат 242 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1500 | Португалскиот мореполовец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил и го прогласил за имот на Португалија. |
| 1791 | Донесен е т.н. Устав од 3 мај, а подоцна истиот ден бил усвоен од Сејмот на Полско-литванската Државна Заедница. Овој устав бил втор во Европа и трет во светот (прв устав претставува уставот на Сан Марино, а втор е американскиот устав од 1787 година). |
| 1814 | Францускиот крал Луј XVIII се вратил во Париз по поразот на Наполеон во Битката кај Ватерло. |
| 1841 | Нов Зеланд бил прогласен за британска колонија по потпишувањето на Договорот од Ваитанги помеѓу британската круна и маорските племиња претходната година. |
| 1922 | Во Париз е основан Меѓународниот железнички сојуз. |
| 1945 | Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај 1945 година. |
| 1946 | Во Токио започнало заседанието на Меѓународниот суд за Далечниот Исток на којшто им се судело на јапонските воени злосторници во текот на Втората светска војна. |
| 1979 | Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори, Маргарет Тачер станала прва жена премиер во британската историја. |
Родени:
| 612 | Константин III Ираклиј — византиски цар. |
| 1367 | Хенри IV — крал на Англија. |
| 1415 | Сесилја Невил — мајка на Едвард IV. |
| 1469 | Николо Макијавели — италијански политичар, дипломат, поет и комедиограф. |
| 1860 | Вито Волтера — италијански математичар и физичар. |
| 1892 | Џејкоб Вајнер — канадски економист. |
| 1917 | Киро Глигоров — македонски и југословенски политичар, прв претседател на Република Македонија. |
| 1920 | Киро Билбиловски — македонски филмски снимател. |
| 1921 | Шугар Реј Робинсон — американски боксер. |
| 1925 | Оливера Марковиќ — југословенска и српска глумица. |
| 1933 | Стивен Вајнберг — американски физичар. |
| 1933 | Џејмс Браун — американски музичар, познат како „Кум на соулот“. |
| 1937 | Миле Маневски — македонски писател. |
| 1941 | Нона Гаприндашвили — грузиска шахистка, светска шампионка од 1962 до 1978 година. |
| 1948 | Авни Абдулах — македонски писател. |
| 1961 | Миро Гавран — хрватски писател. |
| 1963 | Џеф Хорнасек — американски кошаркар и тренер. |
| 1972 | Рената Дескоска — македонска универзитетска професорка и политичарка. |
| 1973 | Михаел Рајцигер — холандски фудбалер. |
| 1974 | Захар Пашутин — руски кошаркар. |
| 1984 | Ѓорѓи Ицоски — македонски биатлонец и крос-кантри скијач. |
| 1985 | Езекил Лавеци — аргентински фудбалер. |
| 1989 | Катинка Хосу — унгарска пливачка. |
| 1996 | Алекс Ивоби — нигериски фудбалер. |
| 2003 | Флоријан Вирц — холандски фудбалер. |
| 2004 | Александар Павловиќ — германски фудбалер. |
Починале:
| 1481 | Мехмед II Освојувачот — отомански султан (р. 1432). |
| 1758 | Бенедикт XIV — римски папа. |
| 1926 | Кнут Виксел — шведски економист. |
| 1942 | Елпида Караманди — македонски народен херој. |
| 1987 | Далида — италијанско-француска глумица и пејачка. |
| 1991 | Јежи Кошињски — американски писател. |
| 2004 | Томо Томоски — македонски историчар и археолог, еден од водечките медиевисти во земјата. |
| 2014 | Гари Бекер — американски економист, добитник на Нобеловата награда. |
| 2016 | Јадранка Стојаковиќ — југословенска пејачка. |
Празници:
| * | Светски ден на печатот |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads