Алистрати

историско село во Општина Дебрца From Wikipedia, the free encyclopedia

Алистратиmap
Remove ads

Алистрати или Алистраги — некогашно село во Општина Дебрца, во околината на селото Требеништа.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во атарот на денешно с. Требеништа, источно од селото во насока на Ливоишта. Месноста денес е позната меѓу жителите како Али Страги.

Историја

Селото е заведено во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридската нахија од 1536 до 1539 г. селото се води како Ахи Страник со 12 христијански семејства и 1 ерген. Во дефтерот од 1582-1583 г. се води како Ахи Испраник со 11 христијански семејства и 1 имот.[2]

Во XIX век селото имало целосно Македонско население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Алистрати се споменува двапати — еднаш како Ali-strati со 5 домаќинства и 18 жители Македонци[3] и вторпат како Alistrati, со 12 домаќинства и 48 Македонци.[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Алистрати имал 50 жители, сите Македонци[4].[6]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads