Али Коч

село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Али Кочmap
Remove ads

Али Коч (поретко: Аликоч) — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Кратки факти

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 328 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во селото

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак.[4] Со оглед на тоа што селото е сместено на југозападната падина на Плачковица, селото е планинско, сместено на надморска височина од 780 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 6,5 километри.[4]

До селото води асфалтен пат.

Историја

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 7,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 409 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 211,8 хектари, а на пасиштата 110 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Али Коч Махала живееле 330 жители, сите Турци.[6]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Али Коч имало 166 жители, сите Турци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.[8]

Во Али Коч живеат Турци (Јуруци), кои во 1961 година броеле 243 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 356 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Али Коч живееле 328 жители, сите Турци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 393 жители, од кои 387 Турци и 6 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Али-Коч е турско (јуручко) село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[14]

  • Доселеници: Зубери (4 к.), Мемитовци (9 к.), Мемишови (4 к.), Усеиновци (7 к.), Аметовци (10 к.), Мустафовци (5 к.) и Исмаил-Деде (4 к.), сите се стари доселеници доселени во селото на почетокот од XVI век.

Иселеништво

Дел од жителите на селото се имаат иселувано во Турција.

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

Во XIX век, Али Коч било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Али Коч, се наоѓале градот Радовиш и селата Козбунар, Коџалија, Прналија, Раклиш, Супурѓе и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Тополница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1603 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 296 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 312 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[5]
Џамии[19]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads