ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Радовиш

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Радовиш
Remove ads

Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Радовиш; скратено: ООУ „Крсте Петков Мисирков“) — централно основно училиште во градот Радовиш, Општина Радовиш.[1]

Кратки факти Крсте Петков Мисирков ...

Училиштето е именувано по македонскиот филолог Крсте Петков Мисирков.

Remove ads

Историја

На 8 февруари 2006 година се случил голем пожар во кој речиси до темел изгореа двете радовишки основни училишта - „Крсте Петков Мисирков“ и „Никола Карев“.

Сега основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ е сместено во нов објект на булеварот Александар Македонски. Во него има корисна површина од 3200 квадратни метри, има 24 училници и 7 кабинети. Има организирана настава во две смени, што значи дека има место за 48 паралелки.

Новиот училиштен објект почнал да се гради во 1998 година и бил готов во 2008 година. Биле потрошени 11 милиони денари и набрзо изградбата била запрена. По пожарот во 2006 година, изградбата на новото училиште продолжила. Изградбата чинела околу 70 милиони денари.[2]

На 21 јануари 2008 година во употреба било пуштено новото училиште, кое се наоѓа во непосредна близина на црквата „Св. Троица“. Чинот на осветување на училиштето го извршил Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештенослужители од Радовишкото архијерејско намесништво, а потоа свечено било пуштено во употреба од премиерот на Македонија, Никола Груевски.[3]

Remove ads

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads