Али Чаир (Прилеп)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Али Чаир археолошко наоѓалиште во градот Прилеп. Претставува населба од неолитско и римско време При изградбата на новата населба Али Чаир, на улицата „Душко Наумовски“ бр. 12, со ископувањата во 1968 и 1972 година е утврден културен слој со еден хоризонт на живеење, поточно, остатоци од населба од доцниот неолит. На околу 100 м северно, на местото каде што се наоѓа Зоолошката градина, исто така при градење на станбени згради се откриени темели од ѕидови градени од кршен камен и варов малтер, како и множество фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и архитектонски елементи од мермер. Во непосредната близина се најдени и две плочки од мермер со релјефна претстава на божиците Венера и Минерва. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads