Али Чаир (Прилеп)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Али Чаир — археолошко наоѓалиште во градот Прилеп. Претставува населба од неолитско и римско време При изградбата на новата населба Али Чаир, на улицата „Душко Наумовски“ бр. 12, со ископувањата во 1968 и 1972 година е утврден културен слој со еден хоризонт на живеење, поточно, остатоци од населба од доцниот неолит. На околу 100 м северно, на местото каде што се наоѓа Зоолошката градина, исто така при градење на станбени згради се откриени темели од ѕидови градени од кршен камен и варов малтер, како и множество фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и архитектонски елементи од мермер. Во непосредната близина се најдени и две плочки од мермер со релјефна претстава на божиците Венера и Минерва. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]
Remove ads
Поврзано
- Баба — тврдина и депо на монети од доцноантичкото време;
- Бакалница — некропола од доцноантичкото време;
- Болница - Учителско Училиште — населба од неолитското, некропола од железното и осамен наод од римското време;
- Бончеица — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Долно Садово — населба од неолитското време;
- Каменица — населба од бакарното време;
- Караташ — некропола од римското време;
- Касарни — некропола од железното време;
- Кладенец — Случајни наоди - монети од римското време;
- Крклари — некропола од хеленистичкото време;
- Кукул — населба од римското време;
- Куршумли-ан — осамени наоди од римското време;
- Параклис — осамен наод од римското време;
- Поводеници — Случаен наод од римското време;
- Силос — некропола од римското време;
- Тополка - Шилево — некропола од доцноантичкото време;
- Тражица — фурна од римското време;
- Прилеп;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads