Алфонс Муха
чешки илустратор From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Алфонс Марија Муха (чешки: Alfons Maria Mucha; 24 јули 1860 – 14 јули 1939 ) — чешки сликар и украсувач познат по својот својствен стил во правецот арт нуво.[1] Изработил голем број слики, илустрации, реклами, разгледници и други ликовни решенија.
Remove ads
Детство и младост
Муха е роден во Иванчице, Моравија. Иако бил надарен за пеење, цртањето му била главна разонода уште од мали нозе. Работел како украсувач низ Морација, сликајќи претежно сценографија. Во 1879 г. се преселил во Виена и се вработил во големото Виенско сценографско студио и неформално продолжил со унапредување во ликовното образование. Во 1881 г. студиото било уништено во пожар, па Муха се вратил во Моравија и самостојно продолжил да работи како украсувач и портретист. Грофот Карл Куен од Микулов го најмил Муха да наслика мурали во замокот Емахоф во Хрушовани и му оставил така силен впечаток, што решил да му го плати формалното образование во Минхенската ликовна академија.
Во 1887 г. Муха се преселил во Париз и ги продлжил студиите во академиите „Жилијан“ и „Колароси“. Воедно работел како илустратор на списанија и реклами. Во 1894 г. случајно се нашол во печатница која ненадејно имала потреба од илустратор на плакат за претставата Жисмонда од Викторјен Сарду, во која играла најпознатата париска глумица во тоа време — Сара Бернар. Муха се пријавил и за две недели направил литографски плакат кој успеал да привлече многу внимание од јавноста.[2] Бернарт била презадоволна од успехот на претставата, па затоа склучила шестгодишен договор со Муха.
Муха продолжил со плодна работа и создал многу плакати, реклами и илустрации за книги, нацрти за накит, теписи, тапети и сценографија. Стилот во којшто творел отпрвин се нарекувал „Мухин стил“, а подоцна го добил името арт нуво („нова уметност“). Во своите дела, Муха често цртал прекрасни девојки облечени во лелеава облека со неокласичн изглед, опкружени со раскошно цвеќе кое напати образува ореол зад главите на девојките. За разлика од своите современици во професијата, Муха користел бледи пастелни бои.[3]
Стилот на Муха дошол до меѓународен израз на Светска изложба во Париз во 1900 г., за која Муха се искажал „Сметам дека [изложбата] даде свој придонес за приближувањето на естетските вредности кон уметностите и занаетите.“[4] Го украсил павилјонот на Босна и Херцеговина и соработувал во украсувањето на Австрискиот павилјон. Неговиот стил уживал голема популарност и често бил имитиран. Сепак, Муха цел живот настојувал дека неговиот стил е посебен, дека нема врска со подоцнежниот арт нуво и дека не следи мода, туку дека е производ на неговото лично творештво и чешката уметност воопшто.[2] Изјавил дека уметноста постои исклучиво за да соопштува духовни пораки и ништо повеќе од тоа. Затоа, бил разочаран од успехот на неговите рекламни дела, кои го одземале вниманието за сметка на неговите поозбилни уметнички потфати.
Remove ads
Брак
Муха се оженил со Марушка (Марија) Хитилова во 1906 г. во Прага. Од 1906 до 1910 г. патувале го посетиле САД и таму се родила ќерката Јарослава. Во 1915 г. го добиле и синот Јиржи, кој подоцна станал новинар, писател, сценарист и автор на автобиографски романи и стручна литература за делата на татка си. Во САД од Муха се очекувало да заработува за да ги финансира националистичките проекти со цел да покаже дека не е „продадена душа“.[2] Во ова му помогнал милионерот Чарлс Р. Крејн, кој своето богатство го посветувал на помагање на разни револуции и словенскиот национализам.
Во 1910 г. Муха се вратил во Прага, каде украсил театар и сликал мурали насликал муралите во канцеларијата на градоначалникот и други важни зданија во градот. Со стекнувањето на независност и создавањето на Чехословачка по Првата светска војна, владата го назначила Муха за цртач на поштенски марки, банкнотите и други државни документи.
Remove ads
Le Pater
Муха го сметал неговото пишано дело Le Pater (1899) за негово ремек-дело на печатената графика и изјавил дека во него „ја истурил својата душа“. Во делото, тој се осврнува на молитвата „Оче наш“ од окултен аспект, издавајќи само 510 примероци.[5]
„Словенска епопеја“

Муха провел многу години работејќи на своето големо ремек-дело „Словенска епопеја“ (Slovanská epopej), кое претставува низа од дваесет огромни слики кои ја обработуваат историјата на Чесите и Словените воопшто. Желбата за монументален уметнички дар за словенските народи ја негувал уште од детството и, во 1928 г. го подарил делото на градот Прага. Од 1963 до 2012 г. овој ликовен циклус бил изложен во замокот во Моравски Крумлов во Јужноморавскиот крај, а потоа е префрлен во дворецот Велетржни на Националната галерија во Прага.[6]
- Словенска епопеја
- Словенска епопеја бр.1: Словените во нивната прататковина (1912)
- Словенска епопеја бр.2: Прослава на Световид (1912)
- Словенска епопеја бр.3: Воведување на словенската литургија во Велика Моравија (1912)
- Словенска епопеја бр.4: Бугарскиот цар Симеон I (1923)
- Словенска епопеја бр.5: Чешкиот крал Пшемсил Отакар II (1924)
- Словенска епопеја бр.6: Крунисување на српскиот цар Стефан Душан (1926)
- Словенска епопеја бр.7: Јан Милич од Кромјержиж (1916)
- Словенска епопеја бр.8: Јан Хус се моли во Витлеемската капела: Вистината победува (1916)
- Словенска епопеја бр.9: Средбата на Кшишки (1916)
- Словенска епопеја бр.10: По битката кај Гринвалд (1924)
- Словенска епопеја бр.11: По битката кај Витков (1916)
- Словенска епопеја бр.12: Петар Хелчицки (1918)
- Словенска епопеја бр.13: Хуситскиот крал Јиржи Подјебрадски (1923)
- Словенска епопеја бр.14: Одбраната на Сигет од Турците под водство на Никола Зрински (1914)
- Словенска епопеја бр.15: Штампање на Краличката библија во Иванчице (1914)
- Словенска епопеја бр.16: Јан Амос Коменски (1918)
- Словенска епопеја бр.17: Света гора Атонска (1926)
- Словенска епопеја бр.18: Заклетва на Омладината под словенската липа (1926)
- Словенска епопеја бр.19: Укинување на ропството во Русија (1914)
- Словенска епопеја бр.20: Апотоеза на историјата на Словенството (1926)
Remove ads
Смрт
Со подемот на фашизмот во доцните 1930-ти, словенските националистички дела на Муха биле прогласени за реакционерни во печатот. Со навлегувањето на германската војска во Чехословачка во пролетта 1939 г. Муха бил еден од првите што се нашле на списокот за апсење на Гестапо. За време на сослушувањата, Муха, кој веќе бил старец, се разболел од пенвмонија. Подоцна агентите го пуштиле, но Муха бил веќе ослабен и болен, и починал на 14 јули истата година. Погребан е на Вишеградските гробишта во Прага.[1]
Remove ads
Оставнина
Иако денес ужива голема популарност, на крајот од животот Муха се сметал за старомоден. Неговиот син посветил значаен дел од својот живот на популаризирање на татковите дела. Комунистичките власти во Чешословачка не покажале интерес за делата на Муха, па „Словенска епопеја“ завршила во склад, каде се чувала цели 25 години. Делото е конечно исложено во 1963 г. во Моравски Крумлов, по што е отворен и музеј на Муха под раководство на неговиот внук.[2]
Интересот за творештвото на Муха меѓу илустраторите и уметниците заживувал неколкупати, а особено силно во 1960-тите, како дел од интересот за сецесијата воопшто.
Remove ads
Галерија
- Бисквити „Лефевр-Итил“
- Пива на Меза
- Византиски глави: Калеша
- Цигари „Жоб“
- Поезија
- Зодијак
- Илустрација од Le Pater
- Витраж во катедралата „Св. Вид“ во Прашкиот замок
- Плакат за Австрискиот павилјон (1900)
- Литографија за печатарот и уредник Ф. Шампеноа (1897)
- Автопортрет (1909)
- Плакат со Мод Адамс во улога на Јованка Орлеанка (1909)
- Јарослава, ќерката на Муха (1924/25)
- Судбина
- Внатрешност на златарскиот дуќан „Жорж Фуке“ во Париз
Remove ads
Поврзано
- Арт нуво
- 5122 Муха — астероид наречен во негова чест
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads