Амазон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Амазон (шпански и португалски: Amazonas) — значајна река во Јужна Америка и најголемата река во светот во однос на волуменот на количество вода која тече поголем од 8-те најголеми реки заедно. Амазон, кој има најголем речен слив, се смета дека околу една петтина од сите речни текови во светот. За време на влажната сезона Амазон е помеѓу 190 км и 210 км широк. Поради огромните димензии се нарекува и речно море. На ниедно место Амазон не се преминува со мостови, тоа е последица на огромните димензии, најмногу поради ширината. Всушност Амазон не е толку широк за да не може модерен мост да ја премости, но најголемиот дел од реката тече низ прашума каде има многу малку патишта и малку гратчиња па нема реална потреба од премостување.
Додека Амазон е најголема река во светот во однос на повеќето мерки, моментално географската заедница смета дека е втора по должина, само за малку пократка од Нил. Дел од научниците од Бразил и Перу на ја прифаќаат оваа теорија.
Remove ads
Басенот на Амазон
Басенот на Амазон е најголем базен, во светот, за истечни води покрива 40% од Јужна Америка, област од 6.915.000 км2. Водите во овој басен се собираат од 5° СГШ до 20° ЈГШ. Најнедостапните извори се наогаат на внатрешната висорамнина Андрејан, чија локација е на многу кратко растојание од Тихиот Океан.
Територијата покриена со вода од Амазон и нејзините притоки се зголемува за трипати во текот на една година. Во сушна сезона во просек 110.000 км2 од земјена површина се покриени. Во дождлива сезона површината која се поплавува од Амазон достигнува до 350.000 км2.
Количината вода која се излева од Амазон во Атлантскиот Океан е огромна и достигнува до 300.000 км3 во секунда во дождовна сезона. Од вкупната количина свежа вода која се влева во океаните, Амазон слева една петтина. Океанот во делот каде Амазон се слева има многу помала соленост сè до 500 километри внатре во морето. Во овој дел од океанот вода за пиење може да се испумпа од океанот иако е многу далеку во недоглед.
Remove ads
Поплавите на Амазон
Не сите притоки на Амазон се поплавуваат во исто време од годината. Многу ограноци почнуваат да се поплавуваат во ноември, а многу други надојдуваат дури во јуни. Надојдувањето на Рио Негро започнува во февруари или март, а се повлекува во јуни. Мадиера надојдува и се поплавува два месеци порано од останатите делови на Амазон.
Просечната длабочина на реката, кога најинтензивно врне, изнесува 40 метри и просечната ширина може да достигне до 40 км. Главната река (која што просечно е широка 10 км) е пловна и за големи океански бродови сè до Манаус, 1.500 км должина од вливот на реката. Помали океански бродови од 3000 тони до 9 000 тони со пречник од 5,5 метри можат да пловат до Икитос, Перу, што е 3.600 км од морето. Помали речни чамци можат да пловат и до 780 км од сливот сè до Понго де Мансериче.
Remove ads
Амазон како мотив во уметноста и популарната култура
Поврзано
- Амазонија
- Амазонски слив
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads