Шингу
река во Бразил, притока на Амазон From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шингу (португалски: Rio Xingu) или Б’ти (Kayapó: Byti[5]:73) — река во северен Бразил, југоисточна притока на Амазон. Долга е 1.640 км[1] и е една од најголемите бистроводни реки во Амазонскиот слив,[6] со удел од 5 % од нејзината вода.[7]
Remove ads
Опис и историја
На почетокот на 1960-тите бразилската држава го создала првиот домороден парк во Бразил. Паркот ја бележи првата староседелска територија признаена од бразилската влада и своевремено бил најголемиот домороден резерват на светот. Денес во Домородниот парк Шингу живеат 14 племиња кои опстојуваат од природните ресурси, добивајќи храна и вода од реката.[8]
Државата ја изградила браната „Бело Монте“ на Долно Шингу, чија хидроелектрана почнала да работи од 2019 г. Изградбата била правно оспорена од природозаштитни и домородни групи, кои тврделе дека таа ќе влијае погубно по природната средина и домородното општеством намалувајќи го протокот на вода за 80 % долж 100-километарскиот потег наречен Вулта Гранде („Голем Свијок“).[9] Текот во овој потег е многу сложен и има големи делови со брзаци.[10] Во сливот на Шингу се документирани преку 450 видови риби, а се проценува дека има вкупно 600, од кои многу ендемски видови.[11] Во брзаците на Долно Шингу се познати барем 193 видови риби,[10] од кои барем 26 се ендемски.[12] Само во периодот од 2008 до 2018 г. се пронајдени 24 нови видови риби.[10][12][13] Многу видови се озбилно загрозени од браната, за која се мисли дека значително ќе го измени текот на брзаците во Вулта Гранде.[10][14][15]
Во претколумбовско време, подрачјето на Горно Шингу живеле самоуредени заедници кои ги обработувале наслагите на плодната црница наречена „тера прета“. Секоја самостојна заедница имала територија со големина од околу 250 км2.[16]
Близу изворот на Шингу е реката Кулуене, која е негова притока, долга 600 км.[11][17]
Remove ads
Поврзано
- Перси Фосет
- Домороден парк Шингу
- Шингуански народи
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads