Аматово
село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аматово (грчки: Άσπρος, Аспрос; до 1928 г. Αμάτοβο(ν), Аматово(н)[2]) — село во Кукушко Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 575 жители (2021). Сè до Балканските војни било населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа левиот брег на Вардар, 13 км јужно од градот Ругуновец, 25 км југозападно од Кукуш и 43 км северозападно од Солун.[3] Крај него е речиси пресушеното Аматовско Езеро.
Историја
На 1,5 км северно од селото е откриена могила со населба од бронзеното време. На 300 м северно од неа има трапезовидна хумка со наоди од животот на ова место во истиот период. Во 1987 г. двете места се прогласени за заштитени историски споменици.[4] Во 1994 г. заштитното подрачје е проширено.[5]
Во Отоманското Царство
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хаматово (Hamatovo) било село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 40 домаќинства и 194 Македонци.[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 115 жители кои по грешка ги запишал како Турци[8] Во овој период Боривое Милоевиќ во селото исправно завел 30 македонски куќи.[3]
По Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. во Аматово (Amatovo) има 280 Македонци, сите под егзархијата.[6][10]
Во црквата „Св. Јован Богослов“ има икони на мајсторите Зисис Папаконстантину и Димитар Вангелов.[11]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. Аматово е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога неговото население броело 154 жители.[3] На почетокот на Првата светска војна селото силно настрадало од грчките власти и во 1914 г. македонското население било принудено да се исели во Бугарија. На негово место се доселени низа грчки семејства од странство, така што во 1920 г. Аматово имало 76 жители.[3] Во 1924 г. во селото се сместени 753 грчки колонисти од Бјала (Источна Румелија) во Бугарија[12] и од други места. Во 1928 г. селото е преименувано во Аспрос, што значи „бел“. Според пописот од 1928 г. селото било наполно дојденско, со вкупно 621 жител (175 семејства).[13]
Во 1940 г. населението пораснало на 895 жители и продолжило да се зголемува. Во 1951 г. се попишани 924, а во 1961 г. — 1.050 жители. Во 1971 г. опаднало на 814 жители, но во 1981 г. се зголемило на 958 лица. Во 1991 г. населението изнесувало 953 жители,[3] кои во 2001 г. паднале на 912, а во 2011 г. на 774 лица.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Аматово важи за мошне богато село бидејќи е сместено во поле, со наводнувано земјиште. Се произведува доста жито, памук, тутун и бостан, а застапено е и краварството.[3]
Личности
- Петар Карајков (?–1944) — курир и четник на војводите Апостол Петков и Иван Карасулијата; живеел во Ругуновец и починал од природна смрт[14]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads