Пајонија (општина)
општина во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Remove ads
Пајонија (грчки: Δήμος Παιονίας, Димос Пеонијас) — општина во централниот дел Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Гуменџе. Населените места традиционално се сметаат за гуменџиски, кукушки или ениџевардарски (пазарски). Општината е наречена по некогашната горномакедонска област Пајонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Оваа статија се однесува на денешната административна единица. За историската област, погл. Пајонија.
Remove ads
Населени места
Општината Пајонија е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“ со спојување на општините - Ашиклар (Европос), Бојмица (Аксиуполи), Гуменџе (Гумениса) и Ругуновец (Поликастро), како и општинската целина Голема Ливада (Ливадија).[1]
Општинска единица Ашиклар

Општинската единица Ашиклар со седиште во Ашиклар (Европос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
- Општински оддел Ашиклар
- село Ашиклар (или Ашиклари, Шиклари, Шиклара; Ευρωπός, Европос)
- Општински оддел Бубаќево
- село Бубаќево (или Баба Ќој; Μεσιά, Месја)
- Општински оддел Кушиново
- село Кушиново (Πολύπετρο, Полипетро)
- Општински оддел Петрово
- село Петрово (или Петрево; Άγιος Πέτρος, Агиос Петрос)
- Општински оддел Тумба
- село Тумба (Τούμπα)
Општинска единица Бојмица

Општинската единица Бојмица со седиште во Бојмица (Аксиуполи) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
- Општински оддел Горгопик
- село Горгопик (Γοργόπη, Горгопи)
- Општински оддел Карасинанци
- село Карасинанци (Πλάγια, Плагија)
- Општински оддел Мајадаг
- село Мајадаг (Φανός, Фанос)
- Општински оддел Оризарци
Општинска единица Голема Ливада

Општинската единица Голема Ливада се состои од само едно населено место — селото Голема Ливада (Λιβάδια, Ливадија).
Општинска единица Гуменџе

Општинската единица Гуменџе со седиште во Гуменџе (Гумениса) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
- Општински оддел Гуменџе
- град Гуменџе (Γουμένισσα, Гумениса)
- Општински оддел Баровица
- село Баровица (Καστανερή, Кастанери)
- Општински оддел Крива
- село Крива (Γρίβα, Грива)
- Општински оддел Либаово
- Општински оддел Тушилово
- село Тушилово (Στάθης, Статис)
- Општински оддел Црна Река
- село Црна Река (Κάρπη, Карпи)
Општинска единица Ругуновец

Општината е создадена во 1986 г. со спојување на општините Ругуновец и Вардино. Општинската единица Ругуновец со седиште во Ругуновец (Поликастро) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Бојмија:
- Општински оддел Ругуновец
- Општински оддел Аматово
- село Аматово (Άσπρος, Аспрос)
- Општински оддел Вардаровци
- село Вардаровци (Αξιοχώρι, Аксиохори)
- село Ада Тепе (Νέο Σιράκιο, Нео Сиракио)
- Општински оддел Вардино
- село Вардино (или Вардено; Λιμνότοπος, Лимнотопос)
- село Нова Кавала (Νέα Καβάλα, Неја Кавала) новосоздадено
- село Ситарија (Σιταριά) новосоздадено
- село Хрисокамбос (Χρυσόκαμπος) новосоздадено
- Општински оддел Драгомир
- село Драгомирци (или Драгомир, Βαφιοχώρι, Вафиохори)
- село Беглериево (Беглерија или Бејлери, (Ξηρόλακκος, Ксиролакос)
- село Гаваљанци (Βαλτούδι, Валтуди)
- село Казаново (Κοτύλη, Котили)
- село Коџа Омерли (Χερσοτόπι, Херсотопи)
- Општински оддел Ересели
- Општински оддел Колиби
- село Колиби (Ειρηνικό, Иринико или Καλύβια Γιαννελλαίων, Каливија Ѓанелеон)
- Општински оддел Крастали
- село Крастали (Κορώνα, Корона)
- Општински оддел Мачуково
- Општински оддел Ореовица
- село Ореовица (или Ореховица; Πευκοδάσος, Певкодасос)
- Општински оддел Смол
- село Смол (Μικρό Δάσος, Микро Дасос)
Remove ads
Поранешни населени места
На територијата на денешната општина Пајонија се наоѓале и следниве поранешни села:
Поврзано
- Пајонија — древномакедонска област
- Бојмија
- Кукуш (општина)
- Список на села во Кукуш
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads