Ангел Чемерски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ангел Чемерски
Remove ads

Ангел Чемерски - Јануш (31 март 1923 во Кавадарци18 ноември 2003 во Скопје) — македонски револуционер и партиски функционер.[1][2]

Кратки факти Ангел Чемерски - Јануш, Секретар на КПМ ...

Уште како ученик се вклучува во комунистичкото движење, а во 1943 станува активен младинец во македонската народноослободителна војска уште во првите денови од фашистичката окупација. Станува член на СКОЈ во 1941 година, а на КПЈ во 1942. Секретар е на општинските партиски комитети во Штип, Струмица и Битола. Во 1943 година стапува во редовите на Тиквешкиот партизански одред "Добри Даскалов“.

Завршил Економски факултет, бил директор на Заводот за стопанско планирање. Позабележителна општествено-политичка дејност остварува по ослободувањето: помошник-министер за индустрија и рударство, претседател на Стопанскиот совет, секретар и претседател на ЦК СКМ (од 1969 до 1982 година), а во повеќе мандати бил член на Претседателството на ЦК СКМ, како и член и претседател на Претседателството на СРМ (од 1982 година до 1986 година).

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads