Сојуз на комунистите на Македонија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сојуз на комунистите на Македонија
Remove ads

Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ) — македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија, владејачката партија во СФР Југославија во текот на нејзиното постоење. До април 1952 го носи називот „Комунистичка партија на Македонија“ (КПМ).

За историјата на партијата СКМ по 20 април 1991 година, видете Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Кратки факти Сојуз на комунистите на Македонија, Водач ...
Remove ads

Историја

Thumb
Куќата на Јовановци во Тетово во која е создадена Комунистичата Партија на Македонија на 19 март 1943

КПМ е основана на 19 март 1943 година во Тетово. Нејзиниот прв Централен комитет бил во состав: Лазар Колишевски (политички секретар), Мара Нацева (организациски секретар), Цветко Узуновски, Кузман Јосифовски - Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев. Првиот конгрес на КПМ се одржал во 1948 година.

Плурализам

Со воведувањето на партискиот плурализам, СКМ го менува своето име во СКМ - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП) и под тој назив учествува на првите повеќепартиски избори во Република Македонија во 1990 година. Истовремено, ја менува својата комунистичка идеологија со социјалдемократска. На својот конгрес од април 1991 СКМ - ПДП повторно го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, СДСМ. Мал дел од членството на СКМ-ПДП се отцепил од матичната партија и ја задржал комунистичката идеологија, или барем комунистичкото име.

Remove ads

Конгреси на СКМ (КПМ)

  • Прв конгрес 1948
  • Втор конгрес 1953
  • Трет конгрес 1959
  • Четврт конгрес 1963
  • Петти конгрес 1968
  • Шести конгрес 1974
  • Седми конгрес 1978
  • Осми конгрес 1982
  • Деветти конгрес 1986
  • Десетти конгрес 1989

Секретари на СКМ (КПМ)

Повеќе информации Име, Слика ...

Галерија

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads