Анди

From Wikipedia, the free encyclopedia

Анди
Remove ads

Андите се најдолгиот континентален планински венец во светот. Тие составуваат долг планински венец покрај западниот брег на Јужна Америка. Должината на планинскиот венец изнесува околу 7.000 километри и широк е од 200 до 700 километри. Просечната висина на планинскиот венец е околу 4.000 метри надморска височина. Највисок врв на Андите е Аконкагва со 6.962 метри надморска височина.

Кратки факти Земји, Градови ...
Thumb
Thumb
Планинскиот венец Анди, како што се гледа од авион, помеѓу Сантјаго де Чиле и Мендоса, Аргентина, во летен период. Големото ледено поле одговара на јужната падина на вулканот Сан Хосе (лево) и Мармолехо (десно). Тупунгато е од нивна десна страна.

Самиот планински венец е поделен на неколку помали планински венци, па така често се одделуваат два големи наречени Западна Кордиљера и Источна Кордиљера кои се одделени од депресија. Андите се протегаат низ седум јужноамерикански држави: Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор, Перу и Венецуела кои се познати и како Андски држави.

Remove ads

Потекло на името Анди

За потеклото на името на планините постојат поголем број теории. Некои веруваат дека зборот „Анди“ доаѓа од кечуанскиот збор „anti“ што значи „висок врв“. Друга теорија е дека името потекнува од една од четирите покраини на Тавантинсују, додека други веруваат дека потекнува од шпанскиот збор „andén“ што значи тераса и се поврзува со терасниот вид на земјоделско одгледување од страна на Инките.

Географија

Андите можат да бидат поделени на три секции: Јужни Анди во Аргентина и Чиле, Централни Анди во делови од Чиле, Перу и Боливија и Северни Анди во Венецуела, Колумбија и Еквадор. Овој венец е составен од два паралелни венци наречени Источна Кордиљера и Западна Кордиљера. Во Колумбија, северно од границата со Еквадор, Андите се делат на три паралелни венци: западен, источен и централен. Источниот е единствениот кој се протега до Венецуела.[1]

Remove ads

Клима

Климата на Андите зависи од географската положба, и близината на морето. Температура, атмосферскиот притисок и  влажноста на воздухот се намалуваат во повисоки надморски височини. Во јужниот дел е дождливо и ладно,централниот дел е сув. Во северниот дел на Андите е обично дождливо и топло, со просечна температура од 18 °C  во Колумбија. Климата  може да се промени драстично во прилично краток приод.Има дождовни шуми на само неколку милји далеку од снежниот врв Cotopaxi. Планините имаат голем ефект врз температури од околните области. Снежната Линијата зависи од локацијата, меѓу 4.500 и 4.800 метри во Еквадор, Колумбија, Венецуела, и северниот дел на Перу Андите, се зголемува на 4,800-5,200 m во сушните предели од јужниот дел на Перу на југ кон северна Чиле на југ,, а потоа слегува до 4.500 метри  на Аконкагва. Во Tierra del Fuego, некои од поголемите ледници се спуштиле на нивото на морето.

Андите од Чиле и Аргентина може да се поделат на две зони- суви анди и влажни анди.Сувите Анди се протегаат од ширините на пустината Атакама во областа на реката Maule, врнежите се повеќе спорадични и има силни температурни осцилации. Линијата на рамнотежа може да смени драстично за краток период, оставајќи цел ледник во областа на аблација или во областа на акумулацијата. Во високите делови на Андите на централниот дел на Чиле и провинцијата Мендоса, камењарите се поголеми и почести отколку ледниците; ова се должи на високата изложеност на сончево зрачење

Наводи

Користена литература

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads