Андонис Влахакис

From Wikipedia, the free encyclopedia

Андонис Влахакис
Remove ads

Андониос или Андонис Влахакис (Αντώνης Βλαχάκης) бил андарстки капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и ученик во Борбата за Македонија.

Кратки факти Роден, Починал ...

Биографиј

Влахакис е роден 1874 година во селото Мирсини (Паница во областа Мани на Пелопонес. Како грчки војник учествувал во Грчко-турската војна од 1897 година, бил ранет во Битката кај Фарсала и поради тоа бил одлкуван со сребрен крст.

Во септември 1905 година формирал чета од 48 души и заминал за МАкеоднија. Дејствувал во реонот на Костенаријата под псевдонимот капетан Лицас. Во селото Старичани, тој се судрил со Митре Влаот, војвода на Македонската револуционерна организација [1].

На 20 декември 1905 година, Лисац заедно со четата на капетан Лукас го нападнал селото Езерец, при нападот биле изгорени две куќи и биле убиени неколку души од селската милиција. На 1 јануари 1906 година соединетата чета на Лисац и Лукас повторно го нападнале Езерец, но андартите биле одбиени од страна на Фарсала и селската милиција [2][3].

По овој судир Влахакис се вратил во Атина за да ја реорганизира својата чета и во април 1906 година се вратил во Македонија со 85 души.

На 7 мај 1906 година андарстката чета на Андонис Влахакис и подпоручикот Леонидас Петропулакис го нападнала селото Осничани од Жиковишкиот манастир. Нумо Кировски и Кољо Бараков, членови на реонската чета на Македонската револуционерна организација, застанале на чело на селската чета и се судриле со андартите, во судирот учествувала и Тана Кировска [4]. Борбата траела неколку часа, а во неа биле убиени андарстките водачи Влахакис и Петропулакис. Со доаѓањето на аскерот, андартите се повлекле [5] Според грчки извори андартските загуби се 15 убити и 11 ранени.[2].

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads