7 мај
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Мај 2025 7 мај — 127-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (128-и во престапна година). Остануваат 238 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1755 | На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет (грб на сликата), кој првобитно имал само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу станал центар на руската наука. | 
| 1838 | Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно го пронајде овој вид на фотографија. | 
| 1929 | За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго. | 
| 1939 | Втора светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин-Рим“. | 
| 1993 | Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста. | 
| 1999 | Бомбардирана кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната поход на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка. | 
| 2012 | Владимир Путин по вторпат станува претседател на Русија. | 
Родени:
| 1711 | Дејвид Хјум — шкотски филозоф и економист. | 
| 1833 | Јоханес Брамс — германски композитор - романтичар. | 
| 1840 | Петар Илич Чајковски — руски композитор, еден од најголемите симфоничари на XIX век. | 
| 1841 | Гистав Ле Бон — истакнат француски социопсихолог и социолог, основач на дисциплината психологија на толпата и инспирација за Хитлеровото дело „Мојата борба“. | 
| 1861 | Рабиндранат Тагоре — индиски поет и мислител. | 
| 1892 | Јосип Броз - Тито — југословенски револуционер и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. | 
| 1901 | Гари Купер — американски глумец. | 
| 1919 | Ева Перон — сопруга на претседателот на Аргентина, Хуан Перон. | 
| 1940 | Артур Блајт — американски џез-музичар. | 
| 1951 | Карлос Аломар — порторикански гитарист. | 
| 1986 | Евгениј Воронов — руски кошаркар. | 
| 1993 | Ајла Томљановиќ — австралиска тенисерка. | 
| 1995 | Џек Хендри — шкотски фудбалер. | 
| 1995 | Фред Керли — американски атлетичар. | 
| 1997 | Јури Тилеманс — белгиски фудбалер. | 
| 1999 | Коги Гакпо — холандски фудбалер. | 
Починале:
| 1840 | Каспар Давид Фридрих — најистакнат сликар на германскиот романтизам. | 
| 1906 | Андонис Влахакис — андартски капетан. | 
| 1924 | Димитар Благоев — бугарски политичар. | 
| 1925 | Тодор Паница — бугарски револуционер, деец на ВМОРО. | 
| 2016 | Џон Стеб — американски хард-кор музичар. | 
| 2024 | Стив Албини — американски рок-музичар и продуцент. | 
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads