Андреј Цветковски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Андреј Цветковски (роден на 20 септември 1996 во Скопје) — македонски кошаркар кој настапува за Гостивар.
Remove ads
Клупска кариера
Младинска кариера
Сезоната 2013/14 ја поминал во младинскиот состав на МЗТ Аеродром и тогаш станал вицепрвак со М-18 составот (генерација 1996/1997).[1] Со М-20 (генерација 1994/1995), Цветковски стигнал до полуфиналето на завршниот турнир.[2] Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига 2013/14.[3] Со МЗТ, Цветковски станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.[4]
Професионална кариера
Во сезоната 2015/16, Цветковски се преселил и дебитирал во сениорската екипа на Работнички и станал вицепрвак во Суперкупот на Македонија 2015.[5] Сезоната 2016/17 ја започнал во МЗТ и со него го освоил Суперкупот на Македонија 2016,[6] но таму останал сè до средината на ноември, кога се преселил во Кожув.[7] На почетокот на 2017 година, Андреј се преселил во новиот кошаркарски клуб Блокотехна, клуб кој го пратил на позајмица во второлигашот Радовиш.[8][9] Откако обезбедил пласман со Радовиш во Првата лига и откако клубот го отстапил своето место на Блокотехна, Цветковски бил вратен во новиот гевгелиски клуб.[10][11] При подготовките за сезоната 2017/18, Цветковски го повредил коленото со што ја пропуштил целата сезона како играч на Блокотехна.[12][13] Следната сезона, Андреј продолжил во редовите на Блокотехна.[14] Но за време на полусезоната, во јануари 2019 година, тој се преселил во Вардар.[15][16] За сезоната 2019/20, Цветковски потпишал едносезонски договор со Пелистер.[17] Во Пелистер не останал долго бидејќи по преговори од крајот на јануари до 10 февруари 2020 година, тој се договорил за раскин на договорот со Пелистер и потоа се преселил во Куманово 2009.[18][19] За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој потпишал нов договор со кој ја продолжил соработката со Куманово.[20] Тој, таа сезона не ја завршил во Куманово бидејќи се префрлил во Вардар во март 2021 година.[21]
Remove ads
Успеси
|
Признанија
|
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads