КК Кожув
кошаркарски клуб од Гевгелија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
КК Кожув — кошаркарски клуб од Гевгелија, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига. Клубот натпреварите на домашен терен ги игра во спортската сала 26 Април.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Remove ads
Историја
Клубот бил основан во 1955 година.[1]
Најголемиот успех на „Кожув“ бил остварен во 2013 година, кога се пласирал во финалето на Првата македонска кошаркарска лига, но бил поразен од МЗТ Аеродром. Исто така поголем успех е учеството во финалето во Купот на Македонија во 2015 година, каде Кожув загубил од Работнички.[2]
На крајот на 2015 година, претседателот на клубот Томе Главчев го напуштил Кожув, кој воедно бил и најголем финансиер на клубот.[3][4]
Во јуни 2019 година, гевгелиските клубови Блокотехна (финансирана од Томе Главчев) и Кожув одлучиле кадарно и финансиски да се соединат.[5][6] Правно, Кожув останал на кошаркарска карта.
Достигнувања
- Прва кошаркарска лига финалист - 2013
- Куп на Македонија финалист - 2015
На 22 февруари 2015 година, „Кожув“ играл во 23. финале на Купот на Македонија (одиграно во салата „Јане Сандански“ во организација на МЗТ Аеродром), каде загубил од „Работнички“ со 66-74. Претходно, во полуфиналето, „Кожув“ го победил тимот на „МЗТ Аеродром“. Најдобри во тимот на „Кожув“ во финалниот натпревар биле Јанушевиќ, Дунѓерски и Божовиќ, со постигнати 15, 13 и 11 бода, соодветно. Гоцевски постигнал седум бода, Шепа и Албијаниќ имале учинок од по шест бода, Брчков и Главчев постигнале по три бода, а Богоев - два бода.[7]
Remove ads
Меѓународни настапи
БИБЛ лига
Во сезоната 2014-2015, КК Кожув играл во групата Б на регионалната Балканска лига. Во третото коло, на домашен терен, „Кожув“ го победил тимот на „Сигал“ од Приштина, со 93-78, со што ја постигнал третата последователна победа. Најефикасни за „Кожув“ биле: Миладин Пековиќ (16 бода, 8 асистенции и 6 скока) и Драшко Албијаниќ (16 бода и 9 скока).[8] Во петтото коло, на гостувањето во Бар, „Кожув“ го победил тимот на „Морнар“ со 75-67, со што ја остварил петтата последователна победа. Најефикасни во тимот на „Кожув“ биле Алексеј Нешовиќ, со 23 бода и Драшко Албијаниќ, со 16 бода.[9] Во седмото коло, КК „Кожув“ постигнал победа на гостински терен, совладувајќи го во Приштина тимот на „Сигал“ со 100-87.[10] Во 10. коло, КК „Кожув“, на домашен терен, го победил тимот на „Влазнија“ од Скадар со 99-59 и, со учинок од осум победи во осум натпревари, се пласирал во втората фаза од лигата БИБЛ, како единствена непоразена екипа.[11]
Во втората фаза од лигата, „Кожув“ настапувал во групата Д, заедно со екипите на „Рилски“, „Сутјеска“ и „Сигал Приштина“. Притоа, во првото коло, на домашен терен, „Кожув“ го победил тимот на „Сутјеска“ со 79-76.[12] Непобедливоста на КК „Кожув“ била прекината на домашен терен, кога клубот загубил од „Рилски спортист“ со 72-74. Најефикасен во редовите на „Кожув“ бил Владимир Брчков, со постигнати 18 бода, но поразот бил резултат на големиот број загубени топки (дури 17), на помалиот број скокови (33 наспроти 38) и на неефикасноста кон крајот на натпреварот, кога „Кожув“ постигнал само два бода во последните две минути.[13] Сепак, во третото коло, „Кожув“ успеал да го победи „Рилски спортист“ во Самоков со 88-86 и на тој начин го освоил првото место во групата, со што го избегнал четвртфиналниот натпревар, т.е. директно се пласирал во полуфиналето на лигата „БИБЛ“. Најзаслужни за десеттата победа на „Кожув“ во лигата биле Милан Јанушевиќ со постигнати 21 бод, Филип Шепа со 18 и Владимир Брчков, кој постигнал 17 бода.[14][15]
Во полуфиналето на лигата, „Кожув“ се сретнал со тимот на „Сигал“ од Приштина.[16]
Remove ads
Моментален состав 2023/24
Извор: Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 28 јануари 2021 г. eurobasket.com
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads