Адријана Алачки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Адријана Алачки — македонска телевизиски водител и пејачка на народна музика. Таа живее и работи во Скопје. Покрај соло кариерата, Адријана Алачки понекогаш настапува со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Адријана се и Благица Павловска, Росана Тодоровска и Бади Бекир. До 2011 година Андријана била во брак со Горан Алачки со кого има две деца. Во 2011 година Адријана започнала со емитување на своја кулинарска емисија наречена „Вкусот на традицијата“, која се емитува на ТВ Алфа.[1] Од 2021 година, е водителка на емисијата „Везилка“ на Телевизија Алфа, заедно со Ирена Спировска и Благоја Грујовски.
Remove ads
Животопис
Адријана Алачки растела со македонскиот фолклор како член на КУД „Кочо Рацин”. Својата пејачка кариера ја започнала во 1987 година и пред пошироката јавност се претставила со една народна песна. Во 1988 година, со Ирена направиле дует кој во 90-те години оставил трага на македонската фолк сцена. Следувале настапи и турнеи во Европа, Канада и Австралија. Дуетот престанал да постои во 1994 година, но Адријана продолжила со музичката кариера. Често била присутна на фестивалите, има добиено голем број награди, а голем број хитови сведочат за успешноста. Како автор на музиката на нејзините песни најчесто се јавува нејзиниот поранешен сопруг - хармоникашот Горан Алачки.[2]
На 8 октомври 2014 година, Адријана Алачки управувајки го својот автомобил марка Ауди, го прегазила пешакот Киро Деловски (76 години) на улицата „Рузвелтова“. Пејачката била во алохолизирана состојба, а пешакот починал истиот ден. Ослободена е од вина, со отфрлена кривична пријава.[3]
Remove ads
Кариера
Во нејзината музичка кариера се состои четири касети, две самостојни цедеа, голем број фестивали, турнеи, петнаесетина години на естрадата и последниот албум наречен „Меланхолија“.[4]
Спотови
Надворешни врски
- Дискографија на Адријана Алачки на ВБУ Музички Регистар Архивирано на 7 ноември 2020 г.
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads