Анета Бојмалиева
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Анета Мицо Бојмалиева (15 февруари 1911 во Негорци — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.[1]
Животопис

За член на КПЈ била избрана во 1939 година. Во 1941 година станала член на Комисијата за работа со жените и формирала симпатизерски грyпи со кои собирала народна помош. Била врска на партиската организација во селото со Месниот Комитет КПМ - Гевгелија. Од 15 септември до 1 декември, била секретар на партиската организација во Негорци. Во нејзиниот дом била направена специјална скривница во која се чувала собраната народна помош во храна и облека и од тука се носела во партизанската база на одредот „Сава Михајлов“. Кај неа често престојувале илегалци и борци и била врска со одредот „Сава Михајлов“. Од бугарската полиција на двапати била затварана и сослушувана. Во декември 1943 година била затворена заедно со неколку месечното бебе и била одведена во Централниот затвор во Скопје, но по еден месец била ослободена. Во август 1944 година била избрана е за член на МК КПМ, а во септември ѝ на Народно-ослободителниот одбор во Негорци. Носител е на Партизанска споменица 1941 и повеќе одликувања.[1]
На 28 декември 1943 година од страна на бугарската фашистичка жандармерија биле уапсени повеќе лица, од селата во гевгелиска општина. Овој настан Анета Бојмалиева го опишува во своето сведоштво:[2]
„ | Ноќта беше долга и мачна… отсекаде се слушаа шумови. Ги видов свекорот Ристо Бојмалиев, Ристо Шуклев, Ѓорѓи Велков и Борис Карпузов. Сите нив, потоа во месноста „Мала река“ близу југословенско-грчката граница ги убија на најѕверски начин. Главите им беа искршени со стапови и закопани речиси полумртви. Додека кај нив не настапила смртта, тие копале, гребеле под земјата. Извештај за откопувањето на телата даде доктор Мицев. | “ |
Remove ads
Поврзано
- Ристо Бојмалиев
- Магдалена Бојмалиева
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads