Антибиотска отпорност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Антибиотска отпорност (антибиотска резистенција — појава кога микробите развиваат механизми кои ги штитат од дејството на антимикробните агенси.[1] Поимот антибиотска отпорност се однесува на појавата кога бактериите стануваат резистентни на дејството на антибиотиците.[1] Резистентните микроби е потешко да бидат третирани, потребни се поголеми дози на лекови, или е потребна примена на алтернативни лекови кои може да имаат поголема токсичност. Тие исто така може да бидат и поскапи. Микробите резистентни на повеќе антимикробни агенси се нарекуваат мулти-лек резистентни.

Remove ads
Механизми
Постојат пет главни механизми по кои бактериите покажуваат отпорност кон антибиотиците:
- Онеспособување или модификација на лекот: на пример, ензимска деактивација на пеницилин Г кај некои пеницилин-резистентни бактерии преку создавање на β-лактамази. Најчесто протективните ензими создадени од бактериските клетки вршат адиција на ацетил или фосфатна група на специфично место на антибиотикот, што ја намалува неговата способност да се врзе за бактериските рибозоми и да ја наруши белковинската синтеза.[2]
- Промена на таргет- или врзувачкото место: на пример, промена на PBP—врзувачкото место на пеницилините кај MRSA и другите пеницилин-резистентни бактерии.
- Промена на метаболните патишта: на пример, некои сулфонамид-резистентни бактерии немаат потреба од пара-аминобензоева киселина (PABA), значаен претходник во синтезата на фолна киселина и нуклеински киселини која е инхибирана од страна на сулфонамидите, наместо тоа, како и кај клетките од цицачите тие ја користат фолната киселина.[3]
- Намалена акумулација на лек: преку намалување на пермеабилноста или зголемување на активниот ефлукс[4]
- Делење и рециклирање на рибозомот
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads