Антибиотик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Антибиотик
Remove ads

Антибиотиците се фармаколошки агенси кои можат целосно да ги уништат патогените микроорганизми или да го спречат нивниот раст или размножување, без притоа да предизвикаат позначајни штети на домаќинскиот организам (принцип на селективна токсичност, каде агенсот е токсичен кон патогенот но не е токсичен или помалку токсичен кон организмот домаќин). Современата медицина во голема мерка се потпира на употребата на овие хемиски супстанци во борбата против големиот број на заразни болести.

Thumb
Staphylococcus aureus - Антибиотици Тест плоча
Remove ads

Општи одлики

Хемиската супстанца која има улога на антибиотик мора да поседува селективна токсичност, односно способност за уништување на патогенот со мало или никакво штетно влијание врз домаќинот. Селективната токсичност може да биде изразена во вид на:

  • тераписки дози, односно количина на хемискиот агенс кој е потребен за лечење на дадена инфекција
  • токсични дози, односно количина на агенсот во крвта која не е штетна за домаќинот.

Антибиотиците дејствуваат исклучиво само врз бактерии (грампозитивни и грамнегативни). Тие немаат никакво влијание врз вирусите. Антибиотиците се природни производи,добиени од некои фунги.На пример,беталактамите,макролидите,тетрациклините и аминогликозидите се природни производи.

Во последно време за сите природни, полусинтетскии синтетски производи, вклучувајќи ги и антивирусните средства унгостатиците и лековите против протозои и хелминти кои имаат клиничка делотворност се користи терминот антимикробни средства.

Remove ads

Механизам на дејство

Антибиотикот може да го уништи патогенот на неколку начини.

Спречување на синтезата на клеточниот ѕид

Оваа група на антибиотици го спречува (инхибира) создавањето на пептидогликанот во клеточниот ѕид на патогенот. Инхибицијата се манифестира со активирање на ензими кои ги раскинуваат врските на пептидогликанот, што доведува до деградација на ѕидот, без кој бактеријата не е во состојба да опстане. Во оваа група се наоѓаат:

Спречување на синтезата на белковините

Thumb
Хемиска формула на стрептомицин.

Одредени антибиотици се врзуваат и за рибозомите на патогенот. Рибозомите се органели каде се врши синтеза на белковините од кои е изградено телото на сите организми, па и на бактериите. Со врзувањето на антибиотикот за рибозомот се спречува синтезата на белковините на даден патоген, со што доаѓа до погрешно отчитување на редоследот на аминокиселините. Во оваа група припаѓаат:

Спречување на синтезата на нуклеинските киселини

Оваа група дејствува така што ги деградира молекулите на ДНК и РНК, или се врзува за ензимите кои ја управуваат репликацијата на ДНК, како што е на пример ДНК-полимеразата. Во оваа група се наоѓа рифампицинот.

Забавување на метаболизмот

Овие антибиотици ги уништуваат ензимите со помош на кои се одвива метаболизмот. Со ова патогената клетка станува неспособна за нормално функционирање.

Remove ads

Класификација

Повеќе информации Класа, Генерично име ...
Remove ads

Несакани ефекти

Антибиотиците се испитуваат дали имаат какви било несакани ефекти пред нивното одобрување за клиничка употреба, и обично се сметаат за безбедни и добро толерирани. Сепак, некои антибиотици се поврзани со широк степен на негативни несакани ефекти кои можат да бидат благи до многу тешки во зависност од типот на антибиотикот, целната бактерија и од самиот пациент.[1][2] Несаканите ефекти може да се должат на фармаколошките или токсиколошките особини на антибиотикот или пак може да вклучуваат хиперсензитивност или алергиски реакции.[3] Несаканите ефекти може да се движат од треска и гадење до сериозни алергиски реакции, вклучувајќи фотодерматитис и анафилакса.[4]

Вообичаени несакани ефекти на оралните антибиотици се дијареја, што произлегува од нарушувањето на цревната флора, што резултира со прекумерен раст на патогени бактерии, како што е на пр. Clostridium difficile.[5] Земањето на пробиотик за време на третманот со антибиотик може да помогне да се превенира антибиотик-асоцираната дијареја.[6] Антибиотиците исто така може да ја нарушат вагиналната флора, и може да доведат до прекумерен раст на габи од родот Candida во вулво-вагиналното подрачје.[7] Дополнителни несакани ефекти може да се јават како резултат од интеракцијата со други лекови, како што е можноста за оштетување на тетивите при администрација на кинолонски антибиотик и системски кортикостероид.[8]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads