Антонио Кандрева

италијански фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Антонио Кандрева
Remove ads

Антонио Кандрева (роден на 28 февруари 1987 во Рим) — поранешниот италијански фудбалер, кој беше играч од средниот ред.

Кратки факти Антонио Кандрева, Лични податоци ...

Кандрева потекнува од Фалконара Албанезе (населено со Арбереши) во регионот Калабрија.[2]

Remove ads

Технички одлики

Комплетен играч од средниот ред: природна му е десната нога, роден плејмејкер, но може да игра и како крило на двете страни; и лево и десно. Неговата најдобра одлика во играта е одличниот удар од далечина, со кои постигнал многу прекрасни голови. Тој исто така е доста динамичен играч од средниот ред, со добра брзина и добра техничка позадина во однос на дриблингот. Во последно време во Лацио се развиваше на позицијата како надворешен играч за врска.[3][4]

Remove ads

Кариера

Дебито за Тернана и трансферот во Удинезе

Тој ја започнал својата кариера како професионален фудбалер во 2004 во Серија Б играјќи во дресот на Тернана. Своето професионално деби го направил на само 17 години на 21 септември 2004, влегувајќи во 89-тата минута од натпреварот против Емполи во гости што завршил 1-1.[5] По три сезони поминати во клубот во 2007 потпишал за Удинезе. На 27 јануари 2008, 20-годишниот Кандрева го имал своето деби во Серија А во натпреварот Удинезе-Интер (0-0). Неговата сезона во тимот од Фриули била негативна, бидејќи тренерот Пасквале Марино му дал шанса да одигра само 3 натпревари, од кој сите заедно собрал само 9 минути игра.

Различни заеми

За време на сезоната 2008-2009 е позајмен на Ливорно, во Серија Б, каде што станал незаменлив стартер и придонел за промоција во Серија А, а потоа клубот потврдил дека заемот ќе продолжи и за следната сезона. На 20 јануари 2010 е официјализиран неговиот трансфер од Удинезе во Јувентус на заем со право на откуп на крајот од сезоната во корист на Јувентус. Ливорно, клубот за кој играчот настапувал претходно истата сезона, добил надомести од нешто помалку од еден милион евра.[6][7] На 23 јануари 2010 година Кандрева го имал своеот деби за Јувентус во пресрет на натпреварот од 21-вото коло против Рома (1-2) (клуб за кој навивал како дете), заменувајќи го Григера.

На 21 февруари 2010, во текот на натпрварот Болоња-Јувентус (1-2) го постигнал својот прв гол во Серија А и Јувентус, носејќи му ја победата на неговиот тим. Тој го направи своето деби во европските купови во реванш натпреварот игран во Италија од нокаут фазата на Лига Европа против холандскиот Ајакс (0-0). На 14 март 2010 го постигнал својот втор гол во натпреварот помеѓу Јувентус и Сиена (3-3) со удар од огромна далечина. На крајот на сезоната, Јувентус одлучил да не го откупи играчот. Тој се вратил во Удинезе, но пред стартот на сезоната, заминал во Парма со право на откуп на половина од неговиот договор, на 30 август 2010.[8]. На 14 ноември, го постигнал одлучувачкиот гол во првата гостинска победа за сезоната 2010-2011 на Парма против Бари (0-1). Тој се вратил во Удинезе по крајот на сезоната, а на 21 јули 2011 се префрлил во Чезена на заем со право на откуп.[9]

Лацио

Во зимскиот трансферен прозорец, римскиот играч од средниот ред се враќа во родниот град откако беше позајмен на Лацио со право на откуп.[10]

Remove ads

Титули

Италија Лацио

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads