Антофагаста
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Антофагаста (шпански: Antofagasta е пристанишен град во северниот дел од Чиле, на околу 1100 км северно од Сантјаго. Тој е главен град на провинцијата Антофагаста и регионот Антофагаста. Според пописот од 2015 година, градот има население од 402.669 жители.[4]
Remove ads
Историја
По шпанско-американските војни за независност, градот Антофагаста станал дел од територијата на Боливија. И покрај тоа што во градот живеело претежно етничко чилеанско население, Чиле во 1866 година го признал боливискиот суверенитет врз Антофагаста, но во 1879 година Чиле се откажал од признавањето на боливискиот суверенитет поради тоа што Боливија го прекршила Договорот за разграничување од 1874. Антофагаста бил заземен од Чиле на 14 февруари 1879 година, и ова ја предизвикала Тихоокеанската војна (1879–83). Според условите на Договорот за мир и пријателство од 1904 година, Боливија го признала чилеанскиот суверенитет врз Антофагаста.
Remove ads
Економија
Градот Антофагаста тесно се поврзува со рударската активност, затоа што е пристаниште и главен центар на една од главните рударски области во Чиле. Иако ископувањето на сребро и шалитра биле важни за Антофагаста низ историјата, од средината на 19 век ископувањето на бакар е убедливо најважна рударска активност за Антофагаста што поттикнува стабилен раст во областа на градежништвото, малопродажбата, хотелските сместувања, растот на населението и извонреден развој до крајот на 2000-тите. Од 2010-тите Антофагаста е исто така сервисен центар за ископ на литиум.[5]
Антофагаста има највисок БДП по глава на жител во Чиле, 37.000 УСД и е на трето место на Индексот за човечки развој веднаш по регионот Метрополитана де Сантјаго и регионот Магаланес и Антарктика Чилена.[6]
Remove ads
Демографија

Според пописот од 2002 година, Антофагаста имала 296.905 жители распоредени на површина од 30.718 км2, од кои 143.685 се жени и 153.220 мажи. Експертите процениле дека во следните 10 години градот ќе достигне 500.000 жители.[7]
Збратимени градови
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads