Аполима
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Аполима (самоански: Apolima) е остров во Самоа. Овој е најмалиот населен остров во државата и се наоѓа во протокот Аполима. Источно се наоѓа островот Уполу, а западно Саваи.
Remove ads
Опис
На островот има само едно село, Аполима Таи, кое има население од само 75 луѓе според пописот од 2006 година.[1] Селото се наоѓа во внатрешноста на островот, во северниот дел.
Аполима е всушност кратер на мртов вулкан, кој достгнува 165 метри надморска висина. Островот има вкупна површина од скоро 1 километар квадратен. На островот се пристигнува само со брод. Може да се пристигне од северната страна.
На 2,4 километри северозападно се наоѓа островот Уполу, а на 7 километри се наоѓа Саваи. Веднаш до Аполима се наоѓа островот Маноно и ненаселениот Нулопа. Административно сите овие се дел од округот Аига-и-ле-Таи.[2]
Remove ads
Галерија
- Исторски слики на Аполима од Томас Ендру (1855 - 1939)
- Влез кон Аполима
- Селото Аполима, 1890 - 1910 г.
- Внатрешноста на островот, 1904
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads