Струмичко-скопска епархија (католичка)
гркокатоличка епархија во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Струмичко-скопска епархија (офиц. епархија „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“, латински: Eparchia Beatae Mariae Virginis in Caelum Assumptae Strummnitzensis-Scopiensis) — единствена епархија на Католичка црква од источен или византиски обред или Унијатската црква во Македонија. Оваа византиска sui iuris црква во рамките на унијата на римокатоличката и источните (православни) цркви, која го користи македонскиот јазик во литургијата.
Remove ads
Историја
Црквата била основана во 1918 година кога било создадено Кралството Југославија,[се бара извор] и кога помал број од Македонците се преобратиле во католицизмот во познатата Кукушка Унија. Егзархатот бил укинат во 1924 година. Во 2001 година откако Југославија била растурена, Светата Столица повторно го воспоставила Апостолскиот Егзархат во Македонија. Иако бројот на верници од латинскиот обред на римокатоличката црква е сѐ уште мал - повеќето се Албанци и припадници на другите народи од поранешните југословенски републики, Светата Столица ги поставувала римокатоличките бискупи на Скопје како поглавари на Апостолскиот Егзархат на Македонија. Денес, македонската гркокатоличка црква има околу 11.000 верници.
На 31 мај 2018 г. папата Франциск ја издигнал егзархијата во епархија под непосредна управа на Светата столица и епископот Киро ја добил титулата Струмичко-скопски епарх.[1]
Remove ads
Бискупи
- Лазар Младенов (1884 - 1894 )[2]
- Епифаниј Шанов (1895-1924)[2]
- празен престол (1924-2001)
- Јоаким Хербут (2001-2005)
- Киро Стојанов (2005-)
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads