Арагац

вулканска планина во Ерменија From Wikipedia, the free encyclopedia

Арагац
Remove ads

Арагац (ерменски: Արագած) или Алаѓоз (турски: Alagöz) — стратовулканска планина во северозападна Ерменија, околу 40 км северозападно од главниот град Ереван. Сместена е во покраината Арагацотн и е највисока планина во земјата. На падините се наоѓаат историски значајната Бјураканската опсерваторија и средновековната тврдина Амберд.

Кратки факти Арагац, Највисока точка ...

Планината е висока 4.090 м и пресечена со ледници и потекнува од плиоценот до плеистоценот. На сите страни, вулканот има странични конуси и пукнатини низ кои некогаш течела лава, спуштајќи се на пониските крила на планината.

Неколку од нив се сметале за холоценски, но подоцна е применет калиумско-аргонски метод и утврдено е дека се образувани во средниот до доцен плеистоцен. Најмладите лавини остатоци на крилата немаат точно утврдена старост, но се смета дека се создадени помеѓу крајот на доцниот плеистоцен и 3000 г. п.н.е.[4]. Во правец југозапад-североисток се протегаат низа кратери и конуси во должина од 13 км, пресекувајќи го работ на северниот кратер и претставува извор на понови текови на лава и лахари. Се смета дека лахарите се својствени за избувнувањата од врвот на планината за време на холоценот. На западните и јужните падини Арагац изобилува со петроглифи од средното камено до железното време.[5]

Remove ads

Околни градови

Во околината на планината се сместени неколку града: Аштарак на југоисток, Апаран на сеероисток, Арктикот на северозапад и Талин на југозапад. Помали населени места има и на другите страни од планината.

Предание за Григориј Просветител

Според едно предание, Св. Григориј Просветител еден ден се молел на планината, кога се појавил чудесен вечен фенер што висел од небото за да го просветли. Верниците сметаат дека тој може да се види и денес, но само од преданите.[6].

Thumb
Панорама на Аргац

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads